Даксинг на 30-ти септември почнува со работа, и ќе има еден терминал кој ќе покрива површина од 1,4 милиони метри квадратни. Два пати повеќе од сите четири терминали на Хитроу заедно.
Аеродромот ќе има седум писти, и ќе треба годишно да услужи над 100 милиони патници и 620.000 летови, со што ќе биде рамо до рамо со некои од најпрометните аеродроми во светот. Уште една споредба на Даксинг и Хитроу вели дека првиот е завршен за помалку од 5 години, вториот најрано треба да биде готов во 2026.
Инаку Пекинг веќе има постоен огромен аеродром на кој за потребите на Олимпијадата 2008 му беше додаден уште еден (трет) терминал, со кој годишниот капацитет му порасна на 85 милиони луѓе.
Целиот аеродром е смислен од архитекти на ADP Ingénierie, инженерскиот оддел на компанијата која управува со аеродромите во Париз, кои решаваат зградата заради поголем обрт и услуга на патници да наликува на морска ѕвезда. Заради ваквиот изглед патници од центарот на објектот нема да мора да минат повеќе од 600 метри до најоддалечената капија на аеродромот.
Освен целата ефикасност една од главните цели на архитектите е негова што е можно побрза изградба, заради што тој е и завршен за 5 години. За време на церемонијата на поставување камен темелник на 26 декември 2014, локацијата се уште е земјоделско земјиште.
Освен француските архитекти, интернационалноста на аеродромот е и во тоа што на пример за него германската компанија Тајсенкруп испорачува 155 лифтови и 22 ескалатори, а тешка машинерија од германски Виртген е користена за рамнење и асфалтирање на пистите, плус израелски Ексајт системс ги снабдуваат системите со вештачка интелигенција за надзор на пистите и нивно чистење од птици или опасни предмети.