Нема еден одговор туку има повеќе факти што треба да ги имаш предвид кога решаваш дали да се биде другар или не.
1. Дали бевте другари пред да бидеш потчинет? "Полесно е шефот да ти стане пријател, отколку пријателот шеф," објаснува психологот и автор на "The Blame Game: How the Hidden Rules of Credit and Blame Determine our Success or Failure," Бен Датнер. Ако новиот однос му претходи преијателств, мора да сериозно да се потрудите да задржите одредена одделеност на улогите. Клучна е самосвесност од двете страни.
2. Дали сте пријатели затоа што вистински се согласувате или затоа што на тебе може да ти послужи? Според Датнер, ако сето тоа природно се развива, тогаш е во ред да се продолжи пријателството, ама не би требало да се трудите со сила да направите ова да функционира. Ако запнеш поголема е веројатноста да целата работа да заврши катастрофално, посебно ако шефот насети дека тоа го правиш од корист.
3. Дали си подготвен да збориш со шефот за да не избледат границите во вашиот однос? Ако односот еволуира од пријатели колеги, во шеф - потчинет, треба да седнете и да разговарате што ќе се случува. Може и отворено да ги одредите улогите, и јасно да кажете кога "ти зборувам како шеф," а кога "како претпоставен." Без разлика на вашиот однос треба да имате предвид дека работите неизбежно ќе се комплицираат со проблеми што ги немаш во другите пријателства.
4. Дали твоите колеги ќе почнат да те гледаат како миленик на шефот? Голема е веројатноста дека колегите цело време ќе те пазат дали добиваш субвенциониран третман од шефот, и посебно треба да внимаваш тие да не почнат да те мразат. Ако почнеш да чувствуваш некаква огорченост од колегите заради твојот однос со шефот, земи разговарај со него. Плус, веројатно ќе треба да работиш повеќе од другите за да покажеш дека не си привилегиран. Може да се случи и шефот намерно да има построги критериуми за тебе, за да не излезе дека те фаворизира.
5. Колку си стар? Новите генерации е поверојатно ненамерно да се однесуваат попријателски од тебе во однос на околината. Причина за ова е што помладите обично со родителите имаат пријателски однос, и чувствуваат помалку одделеност кон постарите генерации.