Инспирација за револуционерната студија, презентирана на Европскиот колеџ за Невропсихофармакологија, е едно безвезно тврдење во кое искрено не верува ниту еден човек кој некогаш го кажал - имам лек за мамурлак.
Во студијата се анкетирани 800 канадски студенти и нивниот однос со алкохолот во последниот месец.
Главниот резултат е дека 79% од тие што изјавиле дека немале мамурлак после пиење алкохол, всушност не ни пиеле доволно алкохол кој би им ја предизвикал утринската апокалипса.
"Најдовме прилично јасна врска. Колку повеќе пиеш, толку поверојатно е да имаш мамурлак," изјавил професорот од Утрехт Универзитетот, Јорис Верстер.
По ова Верстер продолжува да верува во митот за лек од мамурлак, па спроведува втора студија која следи околу 800 холандски студенти. Освен што треба да кажат што и колку пијат, тие треба да одговорат дали и што се обидуваат да направат околу мамурлакот, и колку им успева тоа. Заклучокот е дека ако си претерал, не ти помага ниту вода, ниту храна.
"Од она што го заклучивме од истражувањата, е дека единствен практичен начин да избегнеш мамурлак е да пиеш помалку алкохол," објаснува Верстер.