Ако ова ве сецна, гледајте да се навикнете - порно актерите наскоро можеби ќе мораат да користат повеќе заштита отколку обичен кондом. Минатата недела Одделот за професионална безбедност и здравствени стандарди на САД побарал во голем број сцени (за чија тематска категоризација веројатно постои и список) да биде задолжително носењето „очна опрема", а заради придржување до стриктни хигиенски стандарди.
Ако ова апсурдно правило помине, не само што порничите ќе изгледаат послични со филмови со вонземјани, туку ќе дотепа една цела индустрија којашто веќе трпи последици од претходни законски решенија. Во 2012 во Калифорнија е усвоен контроверзен закон кој пропишува кондоми на порно сетови, што предизвика продукцијата барем во овој дел на САД да опадне за 90%, заради едноставниот факт што сетовите после ова се преселија во Лас Вегас или во Јужна Флорида.
Новопредложеното правило е всушност идеја на еден човек - Мајкл Вајнстајн, претседател на AIDS Healthcare Foundation, кој и претходно ја напаѓаше порно индустријата заради наводниот недостаток на тестирања за оваа болест. Неговото влијание беше клучно и во донесувањето на спомнатиот калифорниски закон, и покрај тврдењето на вработените во порно индустријата дека ниту една порно ѕвезда од 2004 не добила ХИВ „на регулиран сет".
„Апсолутно сме против новите регулативи", изјавил Мајкл Стабил, портпарол на порно компанијата Кинк. „Тие се базирани на стигма и можат да ги влошат работните услови. Не можеме да поддржиме правила кои им ја одземаат контролата врз нивните тела на актерите во индустријата за возрасни", вели тој.
Новите услови сепак нема само да го санитаризираат порното, туку доколку бидат прифатени можат и да забранат голем број практики вообичаени за овој жанр. Правилото „сите телесни течности треба да се сметаат за потенцијално заразни материјали" (дел од предложениот текст) може да го промени крајот на сите порно нарации, за кои барем до сега бевме сигурни дека ќе биде среќен. Со наочарите на глава, собарката и гостинот тогаш ќе можат да си дозволат само да си пуштат порно, ама од оние старите.