Guardians of the Galaxy ќе се соочат со Dawn of the Planet of the Apes во овогодишната конкуренција во изборот на најдобри визуелни ефекти и Оскарот на Академијата за филмска уметност и науки, кои ја објавија листата на десетте филмови избрани во оваа категорија.
На листата се: Captain America: The Winter Soldier, Godzilla, The Hobbit: The Battle of the Five Armies, Interstellar, Maleficent, Night at the Museum: Secret of the Tomb, Tand X-Men: Days of Future Past.
Оваа листа е направена од високи претставници на Комитетот за Визуелни ефекти при Академијата. Наредната селекција од 10 на 5 филма од кои всушност ќе се избере победникот ќе биде на 10 Јануари 2015 година и избраните ќе бидат објавени на 15 јануари како официјални номинации за 87мата церемонија на доделување на Оскар.
Артистите во ФХ3Х се горди на својата работа: "Чест ни е што ја имавме таа привилегија да работиме на четири од номинираните десет филма кои влегуваат во потесен избор за избор на најдобри визуелни еекти во 2014 година, особено што тие влегоа на оваа листа во навистина голема конкуренција. Визуелните ефекти на сите десет филма се спектакуларни. Во овој момент фаворити и не можат да се издвојат се додека не се изгласаат финалните пет филма кои ќе влезат во избор за Оскарот, но секако нашите се " Guardians of the Galxy" на кој работевме во соработка со Method Studious, "Maleficent" на кој работевме во соработка со MPC Technicolor, "Transformers: Age of Extinction," на кој работевме во соработка со Industrial Light & Magic, и "Captain America: The Winter Soldier" кој го работевме во соработка со Scanline, и на кои им стискаме палци да влезат во финалните 5", изјави Миливоје Ѓорѓевиќ, еден од сопствениците на ФХ3Х.
"Конкуренцијата во оваа категорија оваа година е исклучително силна, повеќе филмови кои имаа исклучитлни визуелни ефекти не успеаа да влезат ниту во првиот круг од 10 филма, како на пример Edge of Tomorrow. Оваа година, за разлика од претходни години нема јасен фаворит, сите 10 кандидати се со врвни остварувања од визуелните ефекти, така што се очекува незивесност и во изборот на петте номинирани за Оскар" вели Кристијан Даниловски, вториот сопственик на ФХ3Х.
"Среќни сме што ја имавме таа привилегија да работиме на филмови кои се номинирани за Оскар и во други категории како што се:
Into the Woods
- Best Costume Design
- Best Makeup and Hairstyling
- Best Production DesignThe Giver
- Best Sound Editing", вели Кристијан Даниловски.
Вкупната листа на филмови на кои ФХ3Х беше соработник во 2014 година, освен номинираните и споменатиот Edge of tommorrow, ги содржи и следниве филмови: RoboCap, Jersey Boys, Hercules, Lucy, The Giver и годината ја завршуваме со уште еден наслов кој ќе има наскоро премиера: Exodus, кој ќе ќе биде прикажан во Cineplexx на 18 декември.
(комерцијален текст)