Пороци

Како да пиете за Нова Година а да не бидете "оној кој се уби"

Првиот и најдобар совет гласи: не пијте. А откако овој совет ќе наиде на масовна граѓанска непослушност, да видиме што е second best. Спојлер: не, не постои лек за мамурлук. Да не беше таа (праведна) казна која ни ја приредува мамурлукот, што ќе не спречуваше да се тркаламе секој ден?

Наркоман на векот

Неговиот случај го обелоденија пред неколку години и сè уште е тоа убедливо најголемата количина дрога конзумирана од еден човек. За 9 години, Англичанец кркнал 40.000 таблети екстази. Добар е, освен што е параноичен, не може да ја отвори вилицата и никако да се сети дали е вторник или недела.

Зошто луѓето пијат алкохол?

Се почнува од старите, многу старите, 10 милиони години старите. Е, тие стари додека бараат што да јадат собираат се и сешто од земја, вклучително и скапани веќе ферментирани плодови. Понатаму навиката само еволуира.

Зошто шкотските тинејџери се откажаа од пиење?

Шкотска направи дабл-дабл во решавањето на алкохолизмот, откако со еден потег успеа да го намали консумирањето алкохол меѓу тинејџерите, а притоа ништо да не им наруши во пиењето на недолжните не-тинејџери.

Идиоти, сме го изеле чоколадото!

Не постои лесен начин ова да се соопшти, но, ако не намалиме од вистинското темно чоколадо, бело ни се пишува.

Студената логика на пијаниот човек

Во бар во Франција, влегува група научници со мисија (многу поразлична од вашата) - да бара пијани луѓе и да им поставува прашања за филозофија. Колку попијан бил човекот, толку попрактични му се одговорите.

Лас Вегас веќе не е само коцка

Останува тој главното место за аџилак на комарџиите од цел свет, меѓутоа приходите од тоа веќе не се доминантни за градот.

Канабис републиката на Уругвај

Во земјата веќе 40 години е дозволено пушење марихуана, ама смееш да дуваш само од "државната" марихуана увезена од Парагвај (според Уругвајците - парагвајско гомно), бидејќи одгледување, продавање и пушење на секоја друга не е дозволено.

Иран има проблем со пиење

Официјално никој не пие алкохол во Иран, и никој не е алкохоличар. Неофицијално ова е една од најпогрешните статистики за Иран.

Исповеди на девојките пред камера

Jasmin.com (порано LiveJasmin) е еден од најчестите поп-апи кога посетувате порно сајтови а и самиот е популарен веб-кам сајт на кој девојки и други трудбеници кмишат чекајќи некој да плати за да се соблечат и слично (извор: искуство). Неодамна сајтот направи листа од најбизарните фетиши и желби кои ги имале клиенти на сајтот, сите од рубриката "што све мајка раѓа". 

Полицаецот што стварно мразеше марихуана

Полицијата на Сиетл направи инстантна микро-реорганизација откако во статистиките им излезе дека еден единствен полицаец напишал 80% од сите казни во градот за користење марихуана.

Во одбрана на поседувањето дрога

Јавно, ама без да се трудат да бидат многу гласни, Светската здравствена организација поддржа укинување на казните за поседување дрога за лично користење, а им даде и препораки на државите како да го направат тоа.

Дедо не беше глуп што пушеше качак

Пушачите знаат како слепци да се фатат за оние 2-3 податока кои на кутиите намерно им ги оставаат тобако компаниите, колку овие да имаат со што да се занимаваат и да им личи дека носат разумни одлуки. Па врз основа на количината катран или никотин, се тешат дека овие се јаки, овие се послаби. А приказната за цигарите е каде-каде покомплицирана.

Англија во кокаинска криза за време на Мундијалот

Ако има нешто што Англичаните повеќе сакаат од кокаин, тоа е фудбал. Кога ќе ги искомбинираш двете, со распоред на Мундијал во кој натпреварите завршуваат во 3 часот наутро, го добиваш аранжманот од соништата. Само наместо перфектен месец, за време на најголемиот фудбалски фестивал на Англичаните им се случува досега невидена кокаинска суша.

Зошто 3 ракии никогаш не се 3 ракии

Една од најголемите мистерии кај студиите за алкохол е што кога ќе го собереш целиот алкохол што луѓето пријавиле дека го пијат, тоа нема да биде ниту половина од вкупната продажба на алкохол. Значи или лажеме или стварно немаме поим колку пиеме.

На кои дроги е Европа?

И според последниот европски извештај за наркотиците, на Стариот континент дрогите се чувствуват ко дома. Само канабис и кокаин се троши 2.000 тони годишно. Конкретно по земји ситуацијата изгледа вака:

Почина таткото на екстазито

Во 1976-та година за првпат почна да експериментира со МДМА, супстанцата заради која беше наречен "татко не екстазито". Четири илјади трипови подоцна, умира на 88 годишна ворзаст.

Почина таткото на екстазито

Во 1976-та година за првпат почна да експериментира со МДМА, супстанцата заради која беше наречен "татко на екстазито". Четири илјади трипови подоцна, умира на 88 годишна ворзаст.

Што ако се надуваш и начукаш во исто време

Прво да се разбереме насловот не е предизвик. Второ ги знаеме ефектите и на едно и на другото, како дејствуваат сам по сам. Трето, научници веќе ја имаат пробано оваа варијанта.

Религиите против мастурбирањето

Едно- две, некоја од религите низ светов ќе реши дека ѓаволот не се крие во деталите туку во сопствената рака. Имаме неколку урнебесни примери за кампањи со кои различни конфесии пробале да ги одвратат човека да го сака баш најближниот свој.

Светски пушачки бастиони се Македонија, Грција и Бугарија

Глобалниот процентот на пушачи драстично е опаднат како резултат на сите мерки кои се спроведуваат последните децении. На целата светска мапа постои само еден регион од кој и натаму озбилно се крева дим.

Дали се претера со војната против пушењето

Од борба против пушење, сега целата работа се претвори во стигматизирање и изолирање на пушачите по сите можни основи. И сите се против нив.

Деца што ќе го упропастат пиењето

Во тинејџерскиот дел од интернетов и социјалните мрежи се појави нешто што се вика #NekNominations - игра во која твоите другари те номинираат да пиеш алкохол во бизарни околности, додека тие сето тоа го снимаат за да го стават на интернет. До сега неколкумина имаат умрено од ова.

Некролог за една ракија

Оваа година ќе го прославеше 55-тиот роденден, а замина нечујно, скромно. Таква беше и на кафанската маса, затскриена меѓу „вињакот", „препеченицата", црногорската „лоза" и „виљамовката". Никогаш наметлива, секогаш присутна. Како цироза на црн дроб, би додале злобните апологети на прохибицијата.