Исламската република има меѓу најстрогите закони на светот против купување, продажба и консумирање алкохол. Според законот од 2013-та, пиењето алкохол е казниво со 80 камшици, без разлика дали е маж или жена. Ваквата закана воопшто не ја намали популарноста на алкохолот во земјата.
Според официјални бројки Иран е на 166-ти место по консумација на алкохол, ама затоа според Светската здравствена организација просекот во земјата е околу 35 литри алкохол годишно, со што земјата се наоѓа на 19-то место во светот. (Русија е 30-то, Германија 83-то, Саудиска арабија 184).
Во најголем дел Исламската република не сака да си го признае проблемот. Иако алкохолизмот со децении е проблем во Иран, министерството за здравство дури неодамна им даде дозвола на клиниките да лекуваат проблеми поврзани со алкохолизам. Тие за ваквите пациенти ќе бидат отворени 1 ден неделно, и прегледите и терапиите нема да смеат да ги извршуваат квалификувани сестри или доктори.
Без разлика што добија 1 ден неделно во клиниките, кога се пријавуваат луѓето со проблеми со алкохол и понатаму ризикуваат да добијат 80 камшици.
Проблемот со алкохолот е и што е премногу скап, бидејќи не се продава легално, туку мора да купуваш скапа шверцувана стока. Заради ова се повеќе луѓе пијат домашно дестирлиран алкохол или етанол.