Докторите, меѓу кои и Христос Кумицидис од лондонскиот психијатриски центар, случајот го објавуваат во журналот Психосоматикс.
Пациент: Г-дин А користи екстази со зголемена фреквентност во 20-те години. Користи и други дроги, вклучувајќи марихуана и кокаин, ама екстази е супстанцата која преовладува. Од 21 до 23, го користи само за викенди, обично земајќи по 5 таблети на забави. На 23, почнува да зема секој ден, во просек по 3,5 таблети на ден во следните три години. Од 26 до 30 години, користењето на таблети го достигнува врвот, и тој проценува дека зема по 25 таблети на ден. Престанува да ги користи на 30 години, откако колабира на забави во 3 одделни случаи.
Проблемот: Иако 7 години нема земено МДМА, г-дин А се уште искусува чудни нус-појави. "Тој се уште се чувствуваше како да е под влијание на екстази. Тој со тек на време разви сериозни напади на паника, постојана анксиозност, депресија, вкочанетост на мускулите (посебно во вратот и вилицата), халуцинации и параноја," пишува Кумицидис во извештајот. Пациентот исто така имал проблем со краткорочна меморија и концентрација, и не можел да следи ниту едноставен збир на упатства.
Дијагноза: Докторите се збунети. Од една страна нивниот пациент има симптоми на когнитивно нарушување, од друга страна, скенирањето на мозокот не покажува никакви физички докази за некаква абнормалност или атрофирање. Со тек на време г-дин А, е примен во болница, каде медицинскиот тим му помага да најде начин да се справи со проблемите со меморија и концентрација.
"Комплетно е можно г-дин А да претерал во бројката на земени таблети во младоста - човекот признава дека има проблеми со сеќавањето, ем 40.000 пилули се апсурдно голема бројка.
Неговиот случај само ги дополнува и онака измешаните ставови и докази околу потенцијалните долгорочни проблеми од користење екстази. Студија од 2013-та, објавена во журналот Зависност, покажува дека луѓето кои зеле 10 или повеќе пилули во текот на една година било поверојатно да имаат знаци на нарушена краткорочна меморија, отколку луѓето кои воопшто не зеле МДМА.
Студија од 2011-та, објавена во истиот журнал открива 'малку докази за намален когнитивен капацитет кај корисниците на екстази.' (Иако студијата не вклучува ниту еден со искуство како пациентот А.) Дрогата во последно време ја користат се повеќе воени ветерани со пост-трауматски стрес, за намалување на симптомите," пишува Мелиса Дал во текстот за Њујорк магазин.