Музика

Дуран Дуран го тужат својот фан клуб

За пари пари. И да покажат дека не се глупи глупи.

Како Еди Ведер го налути Израел

Кога е напнато, напнато е. И тогаш џабе е да се зборува разумно. Ама па, што друго да прави човек.

Најскапите музички албуми во историјата

Аксл Роуз своевремено најави дека нивниот нов албум "Chinese Democracy" треба да биде најдобриот албум кој дотогаш го направиле. И дека не брзаат да постигнат совршенство. 14 години и 13 милиони долари подоцна, задоволни се.

Серверите да им се позлатат на Јутјуб

Не дека фалеа музики и концерти на Јутјуб ама ова е навистина ретка, вредна и габаритна колекција. Се додаваат 13.000 концертни видеа од архивата на фирмата Vault. Ако летово мора да се копа, да се копа по ова.

Никој не купува музика

Во првите 6 месеци од 2014-та продажбата на музика, физички албуми и дигитални симнувања, е намалена за неочекувана двоцифрена разлика во однос 2013-та.

Леми изненаден од староста

Вика: "За две години ќе полнам 70 години. Како бе мене ова ми се случи??"

Чак Бери рецензира панкови

Од еден прастар музички магазин од Сент Луис (Jet Lag, излегувал од 1980 до 1991-ва), ископавме драгоцено парче. Година 1980-та, на легендата Чак Бери му пуштаат музика која е тогаш ин... И го оставаат стариот да мрчи.

Стинг за смртта и за дрогите

Тоа дека Стинг не планира да им остави ни долар (од вкупно 300-те милиони) на своите деца (вкупно 6) бидејќи деца треба сами да заработуваат за живот, медиумите поштено го пренесоа. Во тоа интервју имаше уште два интересни момента.

Што им прави Beats Audio на вашите уши

Слушалките на др. Дре се рекламираат како "револуција во звукот," која ќе ви дозволи да ја слушате музиката, на начин на кој музичарот би ви ја отсвирел. Слушалките премногу добро го исполнуваат ова ветување.

Скриениот трошок на Гангам Стајл

Видеото на Пси неделава на ЈуТјуб беше прегледано по 2 милијардити пат. Спотот трае 4 минути и 12 секунди, што значи на негово гледање се потрошени 140 милиони часови или 16 илјади години.

На кого му е најголем?

Вистинска какофонија излезе откако решија да прават топ листа на познати пеачи со најголем опсег на гласот. Прво најјак испадна Аксл Роуз, па луѓе се побунија па прв изби Мајк Патон од Faith No More. Па после му најдоа еден низок тон на Аксл па тој повторно е на врвот.

Како Стоунси станаа најголемиот музички бизнис

Деновиве почина баварскиот аристократ Принс Руперт Ловенштајн, гуруто за финансиски операции на Ролинг Стоунс и човекот кој успеаа од речиси банкротирана приказна да направи бизнис од скоро една милијарда долари. Како сторијата на Стоунси стана толку исплатлива?

Клуб 27, на научна основа

Идејата за Клуб 27 почнува да добива внимание по смртта на Кобејн, кога мајка му во едно интервју изјавува "му реков да не се приклучува кон тој глуп клуб." Под ова таа мисли на клубот славни музичари кои починале на 27 години.

Студената војна и жената со брада

Повеќенасочните хејтања која ги предизвика појавата на Кончита е само мачкање очи пред еден многу посериозен глобален судир. Кончита стана повод за поделба на Европа а гласањето за или против неа стана травестиран референдум за или против Русија.

Џими стана Доктор Пејџ

Џими Пејџ доби почесна титула доктор на престижниот Универзитет Беркли. Им одржа поздравен говор на дипломците на Беркли а тие потоа му возвратија со изведување парчиња Лед Цепелин. Освен смешната одора, тотален хепиенд за рокенролот..

Новите бендови се фуфкаџии

Човекот се ближи на 50-тата година од животот и сè повеќе му пречи кога гледа како млади луѓе прават музика од тотално погрешни мотиви.

Историја на нули на Евровизија

Од воведувањето на сегашниот систем на гласање со делење од 1 до 12 поени, само 14 песни што се појавиле на Евровизија завршиле со вкупно 0 (нула) поени. Во овие 14, Норвешка учествува со 3, а Турција има 2. Ова не е така лесно како што изгледа.

Украинската криза стигна и на Евровизија

Иако во минатото неколку претставници на Украина ја искористија Евровизија како платформа за анти-Руски слогани, годинава Украинците ќе одат со крајно љубовна песна. Русија подеднакво не сака да ја преплаши публиката, па прати две 17-годишни блондинки близначки со уште една љубовна балада

Пинк Флојд бараат бојкот на Стоунси

За првпат во својата историја, Ролинг Стоунс ќе свират во Израел. Роџер Вотерс и Ник Мејсон (тапанарот на Пинк Флојд) сметаат дека е тоа исто како да се свири за режимот кој спроведуваше апартхејд во Јужна Африка

 

Македонско лон производство на холивудски ноти

Вредните македонски шивачки не се единствените кои работат за туѓи бели дворови (ако сте ја пропуштиле, читнете ја статијата "Македонската ленка шие за Швајцарци"). Од пред некое време ним им се придружија и македонски симфониски музичари кои од овде ефтино а квалитетно снимаат за Холивуд.

Животниот циклус на поп песна

Фаза на зачнување
Песната се раѓа во нечиј подрум, во гаража, или меѓу уличните свирачи. Песната се уште не може да биде завршена.

Ново од Монти Пајтон!

Имаме една добра и една лоша вест за Монти Пајтон. Добрата: првпат по 15 години имаат нова песна. Лошата: Го објавија денот кога планетава последен пат ќе може да ги види заедно во живо.

Дали текстот ја носи песната на топ листа?

На ниво на Билборд топ 100 хитови, "раскинување" е тема која има најконзистентна популарност, меѓутоа најголемиот дел од темите на најпопуларните песни не се емоционални туку најчесто ги отсликуваат случувањата во општеството.

Може ли Боуви да направи место за аџилак?

Видео спотот на Дејвид Боуви Let's Dance лани наполни 30 години. Спотот сè уште добро се држи ама не и местото во кое е сниман. Една џенем австралиска локација на која сушата и други бељи им го има десеткувано населението, па не турист, туку оса не им влегува. Ама сега планираат да живнат малку, пак со помош на Боуви.