Што им прави Beats Audio на вашите уши

Слушалките на др. Дре се рекламираат како "револуција во звукот," која ќе ви дозволи да ја слушате музиката, на начин на кој музичарот би ви ја отсвирел. Слушалките премногу добро го исполнуваат ова ветување.

Проблемот е што кога др. Дре го ветувал ова тој посебно мислел на хип-хоп и рап музичарите, за кои клучно е музиката да има што е можно повеќе бас, што исто така е клучно и за вашето оглувување.

Битс слушалките посебно добро ги истакнуваат ниските фреквенции преполнети со бас, што одговара на регуларната рап музика. Човековото уво ги регистрира фреквенциите меѓу 20 и 20.000 херци (провери се тука), суб-бас звуците во рапот се некаде на самата долна граница од околу 20 херци (за споредба, најнискиот звук на пијано е околу 25 херци), па за да ги слушнеш овие ноти мора звукот да го засилиш до крај.

Бас линијата на песните (која Битс постојано ја брка) има тенденција да ги ослабе средните тонови, како гласовите или гитарите. Заради ова освен што имаш погласен бас уште од старт, слушачот го засилува тонот за да ги чуе и повисоките фреквенции, со што басовите (ниски фреквенции) добиваат уште повеќе на сила и одек во вашите уши. Подлабок бас, значи и погласен плејбек, што е посебно случај кај меинстрим поп и хип-хоп музиката. На ова се сведува и главниот проблем, што продолжената изложеност на ваква гласна музика, посебно преку слушалки, предизвикува губење на слухот.

Според стандардите слушањето музика до 85 децибели се смета за безбедно. Максимумот што го нуди потенциометарот на Битс слушалките е 115 децибели. Доволно е 15 минути на ден слушање музика на оваа јачина за да дојде до расипување на слухот, односно тинитус - зуење во ушите, како после излегување во клуб или диско.

7 јуни 2014 - 15:18