Контроверзи околу оваа фотографија имаше уште кога победи на еден меѓународен натпревар. Нова фотографија од истото место, снимена од друг агол, додава дополнителен чемер околу приказната.
Виралноста е светиот грал на рекламите, нема рецепт кој ќе ти гарантира успех во ова, единствено ако рекламата почне да ти се тркала на интернет знаеш дека си направил нешто добро и си ја погодил жичката. Ова се најгледаните реклами на ЈуТјуб за оваа година.
Додека во САД темата беше што му текна на Обама да прави селфи за време на погреб и колку многу ќе треба да се објаснува со жена му, Данците се бесни затоа што никој не ја препознал нивната премиерка во фотографијата со Обама и Камерон.
Мандела беше еден од најпочитуваните светски лидери во историјата, или како што Онион во ретко несаркастичен наслов порача "Нелсон Мандела стана првиот политичар кој ќе недостасува." Еве како весниците се поздравија со човекот што го сруши Апартхејдот.
На крајот од минатата година Њузвик ја донесе историската одлука да прекине да се издава во печатен формат и да стане исклучиво дигитален. Некаде во август Њузвик се продаде и некои работи се сменија.
По македонските медиуми неверојатно брзо се прошири вест дека Грците намерно се инфицирале со вирус на ХИВ за да добиваат социјална помош. Не, сепак не се до толку глупи.
Отприлика ова е периодот кога ќе почнат да излегуваат "Нај во 2013-та" листите по секакви основи. Една од првите е списокот на највирални реклами на годинава, а ја составува Unruly Media.
САД е клучниот субјект во насловите (и темите) на вестите обработени во светот од 1979-та до 2013-та, и оваа бројка се базира на 43 милиони новости пренесени во овој период.
Како луѓе кои работат со зборови новинарите владеат цел лексикон со термини чија главна цел е полнење на сопственото его и оставање впечаток за вештината со која тие работат. А не е секогаш така.
Со бројки кои од тука изгледаат како баснословна приказна, Њујорк Тајмс го затвори својот најлош квартал од 1998-ма, продавајќи реклами во вредност од 140 милиони долари за 3 месеци.
Иако Твитер е многу логично место за следење вести, сепак "обичниот" не-новинарски народ многу повеќе на не сакајќи ги начекува своите вести сервирани на Фејсбук.
Угледниот медиумски бренд International Herald Tribune станува International New York Times. Оваа промена на името не му е прва во неговото 126 годишно постоење.
Септемвриското издание на Вог се смета за модна библија и е легендарно по бројот на реклами, за септември 2013-та 370 страни од магазинот ќе бидат одвоени за маркетинг. Ама годинава за прв пат ќе има и верзија без реклами. Ама ќе ве чини.
На 12-ти септември панел на американскиот Сенат одобри предлог закон кој им гарантира на новинарите дека не мора да ги откриваат своите тајни извори. Како клучен дел од законот, панелот мораше да дефинира што е "новинар."
Во август на ниво на свет обично нема вести за пишување и тоа најмногу од причина затоа што е август. Во ваква немаштија, француските новинари решија да се префрлат на нешто уште подобро - измислување вести.
Откако по багателна сума беше даден Бостон Глоуб (за 6 проценти од цената по која беше купен), сопственоста ја промени уште една икона на американскиот медиумски простор, Вашингтон Пост, штотуку купен од првиот човек на Амазон. Џеф Безос не знае што ќе прави со него, ама му се експериментира.
Иако глобално личи како Епл и Самсунг да даваат бескрајно многу пари за реклами, на ниво на САД тие се само на 12-то односно 15-то место по парите потрошени за маркетинг.
ИБМ со своите повеќе функционални билборди (со поента дека ИБМ ги прави градовите да бидат попаметни) го освои Гран прито во категоријата надворешни реклами на годинешниот Кан Лајонс Фестивал.
Гардијан има ексклузивен извор со уште еден огромен комплет докази за американското шпионирање и како европските влади го дозволуваат тоа. Откако објавуваат, решаваат да го гуглаат името на својот извор. Undo.
Магазинот Форбс ја прогласи Опра за највлијателна славна личност на планетава, што и не е нешто ново, она што е ново е што одлучија да ја променат методологијата за составување на листата и да ги избришат насловните страни на списанијата како дел од равенката.
Немој да пишуваш за финансии, финансиски пазари или нафта, туку гледај да се држиш до религија, спорт, криминал и природни катастрофи, е предлогот на научниците кои анализираа стотици илјади новинарски текстови.