Мексиканскиот селектор, Мигуел Херера, комплетно им забрани секс на фудбалерите за време на Светското во Бразил. Босанскиот, Сафет Сушиќ, им забрани секс, ама им дозволи мастурбирање. Клинсман ги остави американските фудбалери да прават што сакаат.
Човекот навистина е девец и ова го пишува по последното масовно убиство во САД, кога 22-годишник уби 6 луѓе, а повреди 13, и се само заради тоа што девојките не му обрнувале внимание. Ненамерно, ова е еден од најдобрите аргументи против фотогреј очила.
Зборувајќи во Кан, Памела Андерсон ги потврди главните сомнежи околу нејзината младост: "Немав лесно детство. И покрај тоа што имав прекрасни родители, на 6 години бев злоупотребена од мојата беби-ситерка... подоцна на 12 години бев силувана од мојот дечко, кој сметаше 'дека ќе биде забавно ако ме силува со своите 6 другари.'"
Во сите јавни дебати и иницијативи за разни делови на телото (гради, мустаќи, тестиси), клиторисот како да е пропаднат во некој процеп :) Затоа, почетокот на мај веќе втора година е резервиран за тој неправедно потценет извор на задоволства. Дополнителен бонус: неделата на клиторисот се поклопува со празникот на мастурбирањето.
Анализата е на тема колку често паровите имаат секс. Резултатите ќе извадат бројки за кои жените веројатно се свесни, а мажите ќе бидат упорни дека тие не важат за нив.
Не е важно колку си убав, важно е колку те бива за флертување, а тука тоа што се брои се насмевката и очите, и ова не е од "јас да ти кажам" муабети, туку на научна основа.
Данска е земја чии жители имаат многу причини за среќа. Но не дека земјата нема проблеми. Еден од ретките е оној општиот европски, кој го делиме и ние: наталитетот и фактот дека континентот старее бидејќи се раѓаат сè помалку деца. Значи, си имаме исто гајле, само што наместо грижа на совест за иднината на нацијата, нивната кампања мава на секс.
Во целата расправија околу трошењето за здравствена заштита во САД, ниту еден законодавец не ја спомна (ниту некогаш ја спомнал) ставката на која се потрошени 172 милиони долари - пумпи за пенис. Паралелно со ова, постои огромен отпор женската контрацепција да се стави под основната здравствена заштита.
150 долари од час е просечната цена за проституција низ САД, со тоа што возраста (млада), расата (бела) и (не)користењето на дрога влијае на тоа колку може една девојка да наплати.
Консензусот е дека убавите жени имаат проблем да најдат партнер затоа што наоколу нема толку убави мажи колку што има убаво жени. Излезе дека ним изгледот и не им е толку важен.
Тие што дремат на Фејсбук и рефрешираат ко од тоа да им зависи животот веќе имаат забележано, ама сега Фејсбук и официјализираше - ви се познава од постовите дека се сукате на некого.
Два Универзитета истражуваат и заклучуваат дека жените сакаат високи мажи. Причина за ова нема никаква врска со бајките за згодни и високи принцови, туку тоа што жените покрај високите мажи се чувствуваат безбедно, а во исто време можат да си дозволат да бидат и женствени.
Група социолози, експерти за демографија, компјутерџии и експерти за математика, решава повторно да си ја направи работата интересна и започнуваат проект во кој ќе ги следат онлајн порно навиките и кој што пребарува.
Нема никаков извоз и целото производство е за локален пазар, а вработува се што е женско, згодно и образовано. Да нема забуна, не е официјална индустрија.
Актуелната британска влада (по политичка вероисповед - конзервативна) одлучи да ја помогне индустријата за возрасни, давајќи им пари на порно студијата што ќе ангажираат нови млади таленти.
До сега истражувањата генерално се занимаваат со тоа дали сексот може да предизвика срцев удар, и тука одговорот е - не. Она што далеку помалку е истражувано е дали сексот може да се смета за фитнес вежба.
95% од корумпираните кинески функционери имале љубовна афера, а 60% имале постојана љубовница (барем една). И не е дека мора да бидеш корумпиран за да имаш швалерка, само проблемот е што оваа навика не е воопшто евтина.
Не базирано на порно ѕвезди, фалење на софра или ветувања дадени од најразлични мажјаци, туку по основа на исповеди на 46.000 луѓе во периодот од 1990-та до 2010-та, треба да ви соопштиме дека и покрај се повеќе голотија што гледаме, луѓето денес имаат помалку секс.
Се до упадот на ФБИ (во кој падна и тогашниот гувернер на Њујорк), Emperor's Club е најелитниот ескорт клуб во Њујорк, во кој клиентите плаќаат и до 30.000 долари на ден за девојка. Во него работи Валери Бабер, поранешниот плејбој модел.