Во коалицијата на селектори што забраниле секс се и првите луѓе на Шпанија, Германија и Чиле.
За разлика од нив Сколари, за Бразилците има комбинирана формула, во која им дозволува да имаат секс, ама само под услов да биде нормален - со одредени позиции и начини, и без никаква акробации.
За Французите нема строго ограничување, ама сепак Дешамп има воведно "правило за фер користење" со кое се регулира кога и колку секс ќе имаат.
Темата околу фудбалерите и сексот е актуелна пред секое првенство, меѓутоа за Мундијалот во Бразил ова се сфаќа како посебен проблем пред се затоа што земјата е број 1 светска дестинација за секс туризам. Ова е дел и од поголем проблем во Бразил, каде 90% од жените во едно истражување изјавиле дека ја менуваат облеката за да избегнат малтретирање, а 80% не излегуваат во град за да избегнат малтретирање.