Ако ги тргнеме на страна парите како проблем, главната промена во однесувањето на купувачите е што тие почнаа се подолго да ги користат своите телефони пред да купат нов, а и на Епл во последно време се потешко му успева да ја воодушеви јавноста со некои неопходни нови функционалности и можности.
Хронолошки, првиот Ајфон беше уредот кој комплетно промени сè. По него следуваше Ајфонот со 3Г. Четворката имаше предна камера што беше револуционерниот момент во историјата на селфито. 4С ја воведе Сири, "со тек на време Ајфон направи извонредното да изгледа како нормално, проблемот е што никој не сака да плати 650 долари за 'нормално'."
По Ајфон 4С, иновациите не се ни приближно револуционерни како претходните години. Ајфон 5 беше најтенкиот, Ајфон 5С имаше скенер на отпечатоци, 6-та ја донесе Плус верзијата со поголем екран (што пак малку ја крена продажбата), 6С воведе и трета боја (розе злато).
"Ако е само повеќе меморија и малку подобра камера, тогаш има помалку мотивација (за купување на новиот модел)," објаснува Читан Шарма, аналитичар и ЦЕО на Читар Шарма Консалтинг.
Ако не ги тргнеме парите на страна, тогаш проблемот е што Епл одлучи да ги прекине партнерствата со мобилните оператори (за САД) кои им дозволуваа на корисниците да купат Ајфон по цена која им изгледаше достапна. Уредите беа субвенционирани од операторите, кои потоа парите во полн износ ги наплаќаа преку месечните договори. Во тоа време и Епл и операторите користат маркетинг кој нагласува дека Ајфон чини само 100 или 200 долари, или е бесплатен во зависност од тоа колку е нов.
Дополнување на ова е што во САД на големо се руши концептот на 2-годишен договор, кој е заменет месечниот договор што прв пат, во борба за позиција, во 2013 го овозможи американскиот Т-мобиле. Според Шарма ваквата измена на цикулусот, ги натера купувачите да почнат да го менуваат својот мобилен на 30 месеци, споредено со просекот од 18,5 месеци меѓу 2010 и 2012.
Крајната забелешка на Шарма, која подеднкво ја посветува и на Самсунг, е дека ако корисниците гледаат само раст во бројки на основните функции на уредите, тогаш компаниите ќе гледаат само раст на периодот на замена на уредите. Ова ќе трае се додека не се случи голема промена во дизајнот и функционалноста на смартфонот, по која тој ќе стане "следниот задолжителен уред" за имања.
"Можеби следната година кога Ајфон ќе ја слави својата 10-та годишнина, ќе успее повторно да нè воодушеви. А неделава? Очекувајте многу добар уред за кој нема да бидете толку очајни за да застанете во ред пред продавница уште на полноќ," пишува Виктор Лукерсон во текстот за Рингер.