Листата составена од Лајфхакер, ги дели апликациите во 7 категории:
- Продуктивност
- Интернет и комуникации
- Локации
- Музика, фотографии и видео
- Алатки
- Храна и забава
- Останато
ПРОДУКТИВНОСТ
Any.DO
Една од најфункционалните и најдобро дизајнираните апликации за правење списоци со задачи. Додавањето и прегледот се брзи и едноставни, а има и феноменална опција за следење на вашите пропуштени повици и нивно менаџирање.
Boomerang
Иако последните верзии на Гмаил одлично си ја вршат работата, Бумеранг треба сериозно да ви ја подобри работата со вашиот меил. Има цела серија редовни опции (одговори, препраќање и сл.), плус некои како закажување за праќање меил или препраќање и кога немаш интернет.
ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИИ
Chrome или Dolphin Browser
Гугл Хром во моментов владее на тема интернет браусери на која било платформа, брз е, се синхронизира со сите други браусери што ги имате на кој било уред и не можеш да имаш никаква забелешка на него. Ако сепак сакате алтернатива на Хром, тогаш втор на ред е Dolphin Browser, исто така брзо работи, нуди синхронизација со десктоп и има премногу опции за подесување што може да го направат уште подобар.
Falcon Pro
Без споредба ова е најдобрата апликација за Твитер што моментално постои. Проблемот е што откако Твитер воведе одредени ограничувања на АПИ-то, тие мораа да прават промени по кои беа забранети на Гугл Плеј. Тука има објаснување како да го прескокнете Гугл Плеј и да ја инсталирате апликацијата.
ЛОКАЦИЈА
Google Now
Во прашање е најдобриот виртуелен асистент за Андроид. Апликацијата ќе ви помага и ќе го следи вашиот живот колку што ќе и дозволите. Ви памти се од состаноци и во колку часот ви е летот, до спортски резултати од вашиот клуб, гужва во сообраќај и какво време и каде ве чека.
1Weather
Дури и да мислите дека не ви треба апликација за временска прогноза, 1Weather ќе ве премисли. Нуди температура во реално време, плус прогноза за која било локација што ќе и ја дадете, а и убаво изгледа.
МУЗИКА, ФОТО И ВИДЕО
Plex
Апликацијата ја префрла целата ваша музика, филмови, слики, видеа и се останато од вашиот компјутер директно на вашиот мобилен. Ќе треба да инсталирате и десктоп апликација за сето ова да функционира ама не е тешко.
Snapseed
Ако имате време и желба да си играте и уредувате фотографии, апликацијава има еден куп опции што можете да ги искористите. Од филтри (како Инстаграм и слични), до рамки, средување на контраст, светло и слично. Една од најопсежните алатки за уредување на фотографии на Андроид.
АЛАТКИ
Greenify
Главниот проблем со секој телефон е батеријата, односно редовниот недостаток на иста. Иако екранот е главен потрошувач на батеријата, апликацијава ќе се потруди да ги менаџира сите оние апликации и опции кои во позадина ви ја трошат батеријата.
Dropbox
Дропбокс е една од апликациите што треба да ја ставите уште прв пат кога ќе го допрете мобилниот. Одлично се справува со вашите фајлови и се што сте и ставиле на декстоп компјутерот, плус нуди автоматски бекап на фотографиите што ќе ги направите, директно на вашиот компјутер.
AirDroid
Идејата е да можете да го оставите мобилниот да се полни каде сакате во канцеларија, без да мора на секои 10 минути да станувате да го проверувате дали стигнала порака. Освен тоа можете да управувате со фајлови (копирање на и од компјутер, бришење и сл.), да го најдете вашиот мобилен ако ви е изгубен и слично.
ХРАНА И ЗАБАВА
YELP
Главниот минус на Јелп е што не функционира кај нас, поточно апликацијата работи ама сервисот не ја опфаќа Македонија. Затоа, ако се најдете во странство, посебно САД, Јелп ќе ви биде одличен помошник за тоа каде да седнете да јадете или каде има најубаво кафе или каде се оди на пијачка после работа.
IMDB
Истото што го има сајтот, само што ова ви е на мобилен. Се' ќе најдете без да треба да станувате и да палите лаптоп.