На настанот по повод стогодишнината од постоењето на BMW Group што се одржа на 7 март во Олимписката сала во Минхен, беа присутни околу 2.000 гости од областа на индустријата и политиката, како и голем дел од дилерите, добавувачите и вработените. Неверојатното мултимедијално искуство ги водеше присутните низ историјата на компанијата до последната интерпретација на идната премиум мобилност, кулминирајќи со откривање на возилото на иднината - BMW Vision Vehicle.
BMW Group ја претвори својата визија за иднината во реалност преку овој автомобил кој ги комбинира спортскиот дух на купе моделите и динамичната елеганција на седан. Но, наместо да биде само анонимна транспортна машина, BMW Vision Vehicle е возило кое совршено се прилагодува на променливите потреби на возачот.
„Ако, како дизајнер, можете да замислите нешто, постои голема шанса тоа да стане реалност еден ден", истакна Адријан ван Хојдонк, раководител на BMW Group Design. „Затоа, нашата цел со BMW ВИЗИЈАТА ЗА НАРЕДНИТЕ 100 беше да развиеме сценарио со кое луѓето ќе се поврзат."
BMW Group го должи својот успех на посветеноста на повеќе од 122.000 вработени во 140 земји во светот.
По светската премиера, „BMW ВИЗИЈА ЗА НАРЕДНИТЕ 100" ќе продолжи со симболична светска турнеја наречена „Импулси на иконата". Од Пекинг ќе продолжи во Велика Британија каде што ќе бидат откриени Vision Vehicles од британските брендови на BMW Group - MINI и Rolls-Royce. Крајната дестинација е САД, каде што BMW Motorrad ќе го додаде својот Vision Vehicle во колекцијата и со тоа ќе го заокружи квартетот од брендови.
(комерцијална објава)