Свет

Како завршуваат протестите

Во изминатите години низ неколку држави во светот се повторува истата ситуација - две страни се барикадираат физички и идеолошки, без никаква намера кој било од нив да попушти. И двете имаат исто барање - другиот да си оди дома.

Британската тајна служба се изнагледа приватно порно

Сите приватни видео сесии на британските интернет корисници на сервисот за видео разговори на Јаху биле следени и регистирани од британската тајна служба, со сесрдна помош на НСА. При ова биле снимени "и значителни количини на сексуално експлицитна комуникација."

Краток водич низ немирите во Венецуела

Протестите во Венецуела траат веќе 3 недели ама беа во втор план заради проблемите во Украина. Сега ним им дојде ред да го добијат светското внимание. Се' започна на 5-ти февруари откако една студентка беше сексуално нападната.

Олигарсите што го оставија Јанукович да падне

Во последните денови од немирите во Киев, украинската опозиција е свесна дека кризата ќе се реши само со помош на парламентарците кои цело тоа време го поддржуваа Јанукович. За ова ним им требаше помош од Ринат Акметов и Димитри Фирташ, двајцата најмоќни олигарси во земјата, кои контролираа речиси половина од партијата на Јанукович.

Вест која никогаш нема вам да ви се случи

На брачен пар од Калифорнија му се оствари животниот бизнис план што вам ви текна уште прв пат кога ви фалеа пари - најдоа 10 милиони долари на сред пат.

Украина, сè наопачки

Сега кога победи демократијата и про-европската опција, кога избега забеганиот злотвор Јанукович а се врати Тимошенко и нејзината домаќинска плетенка вредна повеќе стотици милиони евра, да видиме што сè се случува/ше таму а тешко е да се објасни со црно-белата слика која доминираше со глобалните вести од Украина.

Средновековните тактики на Еуромајдан

Досегашниот биланс на демонстрациите е: Јанукович излезе од земјата, Тимошенко излезе од затвор, Украина излезе од договорот со Русија. И за сето ова се одговорни луѓе кои изградија и неколку месеци пркосеа на барикади сред Киев.

Што ќе промени апсењето на најголемиот наркобос?

Човекот кој мина повеќе од една деценија во бегство, јавноста повторно го виде во слика која потсетуваше на апсењето на Садам Хусеин - со лисици на рацете и опколен со војници. Сега стравот е дали и ова нема да промени ништо како што беше случајот со Ирак.

Водич по урбан дизајн за диктатори

Украина е со големина на Тексас (или колку површината на 23 Македонии), меѓутоа во изминатите 3 месеци движењето против Јанукович успеа да зафати простор од околу 10 градски блокови.

Приказната зад најмоќната слика од Киев

Избезумен Украинец и неговиот син одат по улиците на Киев. Нивните лица се покриени со крв. Наидуваат на еден полицаец. Некаде сред сето ова се наоѓа фотографот на Ројтерс Влад Содел и го овековечува моментот.

Зошто Американци се откажуваат од својот пасош?

Апсолутниот број на такви случаи не е драматичен меѓутоа порастот е. Причина? Во Америка мора да умреш и да платиш данок. А овојпат не се работи за умирање.

Една фотка, лајкови рој

4-годишно дете преку пустина ја минува границата со Сирија, а таму за негова среќа го спасуваат луѓе од О.Н. Единствен проблем во приказната - на малиот не му треба спасување бидејќи мајка му е на стотина метри пред него.

Пријателски оган од близу

Минофрлачка единица на позиција на една планина на Авганистан бара помош од авијацијата околу уништувањето на едно снајперско гнездо. Добиваат бомба од 220 килограми, на 15 метри од себе.

Изопачувањето на Русија

Начинот на кој американските медиуми пренесуваат за Путин, Сочи и Украина, претставува медиумска злоупотреба која се рашири и сега е нов стандард во работата, пишува најстариот американски магазин The Nation.

Фрустрирани џихадисти се молат за земјотрес во Сочи

Прво се чаталеа дека ќе го растураат Сочи и Олимпијадата со незапамтени крвопролевања. Видоа дека тоа баш не проаѓа како што го замислиле, па сега се свртеа на молитви Господ да прати земјотрес.  

Делта Форс ја лови Ал-Каеда во Либија

Вашингтон Пост го објави видеото од апсењето на Анас Ал-либи, извршено од Делта специјалните единици, сред Триполи, Либија.

Швајцарија, скоро па слободно

Тенко, најтенко, Швајцарците на референдум сепак порачаа дека сакаат да воведат лимити на бројот на дојденците во нивната земја. Владата ќе има доста работи да му објаснува на Брисел.

Пуси Рајот се откажа од Надја и Маша

Двете ослободени членки на Пуси Рајот наголемо ја крстарат Америка. Беа кај Колберт, на концерт на Амнести беа најавени од Мадона, даваат интервјуа, ги има насекаде. Назад во нивната Русија, матичната група соопшти дека тие две веќе не се во Пуси Рајот.

Сочи 2014. по бројки

Пари, допинг, температура, боршч останати бројки пред почетокот на Олимпијадата во Сочи. Отворање - петок, 17 часот.

Како Гардијан ги уништуваше американските тајни

Во времето кога се појави Сноуден, се појави и информацијата дека Гардијан има добиено добар дел од неговите фајлови. Заради ова генералниот секретар на британската влада, по наредба на Камерон, го вика на состанок уредникот на Гардијан. Таму му дават ултиматум или ќе избришете се' или имаме проблем. Ова е видео од уништувањето.

Светот душмански троши вода

На светското земјоделство, растенија + добиток, отпаѓа 70% од светската потрошувачка на вода. Со конкретни бројки, за производство на 1 јајце, се трошат 200 литри вода.

Зошто никој не ја сака поранешната партнерка на Оланд

Валери Трирвелер е жената заради која Оланд во 2007-ма ја остави мајката на своите 4 деца. Исто така таа е жената која Оланд месецов ја остави заради актерката Жули Гаје. И во двете ситуации Трирвелер не успеа да добие ни најмлаку симпатии од јавноста.

Нико вика нема гајле

Не се ретки написите во западните медиуми во кои се шекулира дека Зимските Олимписки Игри во Сочи можат да бидат поприште на терористички масакри. Таке Сенсеи, како што го знаат неговите ученици по аикидо, односно Стивен Сигал како што го знаеме ние, мисли поинаку.

Мафијата уби 3-годишно дете заради долг

3-годишниот Никола Камполонго, заедно со неговиот дедо и кумот, беа застрелани а потоа нивните тела и запалени во автомобил зад една фарма во Калабрија. Италија збесна после веста.