Бројките се од извештајот на организацијата против сиромаштијата One, а во него се препорачува дека ако се превземат мерки за ставање крај на "таинственоста која овозможува корупцијата да се развива" ќе се спасат голем број животи.
Оне ги објаснува резултатите како "скандал од 1.000 милијарди долари." Според извештајот, ако се искорени корупцијата во суб-сахарска Африка:
- Годишно дополнителни 10 милиони деца ќе добијат образование
- Ќе се обезбеди плата за дополнителни 500.000 учители
- Ќе се обезбедат лекови за 11 милиони луѓе со ХИВ/Сида
Организацијата се обраќа до лидерите на Г-20, од кои бара да јавно објавување на информациите за тоа кој ги поседува компаниите (што работат во овој дел од светот), и задолжително објавување извештаи за тоа колку ресурси нафтените и рударските компании вадат од земјите во овој регион.