Со ова Ердоган тера перфектна политичка кариера обележана, цели 20 години, со еден изборен успех по друг. Градоначалник на Истанбул во 1994-та, премиер од 2002-ра, а сега ете го претседател на републиката која планира детално да ја ремоделира. Ваква долговечност ќе го направи еден од највлијателните политички лидери во модерна Турција.
Ако успее да остане на власт до 2023-та, тој може да се надева да му се приклучи на Мустафа Кемал Ататурк - основачот на републиката во 1923-та - во самиот врв на историјата на нацијата.
"Комунизмот е советската моќ, плус електрификацијата на целата земја," изјави Ленин. "Новата Турција" која ја бара Ердоган во основа е економски раст плус Ислам. Од 2002-ра, БДП-то на Турција и посебно приходите по глава на жител се зголемени за 3 пати. А што се однесува до АКП (неговата партија), во која Ердоган е апсолутен владетел, таа е исламско-конзервативна формација која има намера да го контролира апаратусот на целата република, и да го замени секуларизмот на Ататурк.
Последна станица?
На крај, стилот на Ердоган, растеж и популизам, го објаснува и неговиот успех. Тој никогаш не се двоуми да провоцира, да се обраќа на патриотските и религиозните инстинкти: против неговите поранешни сојузници кои сега станаа заколнати непријатели, како следбениците на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, против предавниците, Евреите, Ерменците, жените или новинарите... Кај неговиот традиционален електорат - анадолијци, конзервативни, националисти и недоволно образувани - овие типови на изливи секој пат погодуваат во целта.
Ама за да ја засили својата контрола над земјата, новиот турски претседател исто така преферира политичка изолација. Во рамките на АКП, дисидентите се тргнати на страна. Контролираниот кабинет што тој го води повеќе и повеќе е концентриран самиот на себе, и е под притисок од опсесивниот страв од завери за поткопување на лидерот. По излегувањето во јавност на корупцискиот скандал во декември 2013-та, Ердоган сега им верува само на своите деца, а можеби ни на нив.
Радикалните позиции на Ердоган ја истакнуваат поделбата во турското општество. Секој втор Турчин слепо го поддржува Ердоган. Што се однесува до неговите противници, тој ја води земјата наназад преку авторитарна влада и полициски режим, чија реакција на демонстрантите на Таксим во 2013-та го постави целиот тон на владеењето.
Ердоган во основа навистина им збори само на 20-те милиони Турци кои го следат со затворени очи. Тој ја откачи либералната, урбана и европски ориентирана Турција која на почетокот го поддржи.
"Демократијата е како возење со автобус. Кога ќе стигнам на мојата станица, се симнувам," изјави еднаш Ердоган во 90-те, кога се уште беше градоначалник на Истанбул. Останува да се види дали претседателските избори се таа станица.