Што се случува во Фергусон?

Веќе 5-ти ден на улиците Фергусон, Мисури, се одвиваат сериозни протести кои започнаа откако во саботата полицијата го уби ненаоружаниот 18-годишен црнец, Мајкл Браун. Вчера вечерта Фергусон изгледаше како сцена од најновата американска инвазија низ светот.

Вчера во предградието на Сент Луис пристигна СВАТ одредот, кои под полна воена опрема се распоредија карши невооружените цивили, додека регуларната полиција го зголеми користењето на солзавец и гумени куршуми. (67% од населението во Фергусон се црнци, додека локалната полиција е 94% белци.)

Карши нив беа мирните демонстранти (за разлика од првата вечер кога ги искршија и разграбаа продавниците низ Фергусон) од кој најголемиот дел претежно скандираа и пеаа песни. Локалните новинари твитаа дека има и мал дел од демонстрантите кои фрлаат камења, шишиња и молотови коктели.

За време на вчерашната интервенција и растерување на толпата полицијата уапси двајца новинари кои работеле од блискиот МекДоналдс. Пред почетокот на акцијата за чистење на толпата (со солзавец и гумени куршуми), полицијата им наредила на сите присутни да ги изгасат камерите.

 

 

 

 

 

 

 


Екипата на Ал-Џезира исто така беше растерана од полицијата:

Видеа од изминатите неколку денови:

14 август 2014 - 09:37