Воената опрема на полицијата во Фергусон

Уште пред протестите околу убиството на 18-годишниот црнец, полицијата на Фергусон и Сент Луис, добија опрема од "1033" програмата на Пентагон, со која на американската полиција и се доделува претходно користена воена опрема.

Иако имаше уништување на продавници, фрлање камења, молотови и слично, сепак мнозинството од демонстрантите мирољубиво даваа отпор.

Во цело ова време локалната полиција беше ужасна во смирување на демонстрациите, заради што вчера гувернерот на Мисури ја повлече полицијата и ја замени со припадници на сојузната сообраќајна полиција по што ситуацијата драстично се смири.

Од облека и "аксесорис" полицијата имаше позајмено, војнички камуфлажни пантолони, гас маска, шлем од кевлар со монтирана камера и ЕСС очила (стандардни за војниците кои беа во Авганистан и Ирак).

Од оружје, тие имаа моделирана автоматска пушка со кратка цевка, слична на армиската М-4, пушка за димни бомби и солзавец, AR-15 пушка со калибар 7,62 мм и KA-BAR нож (стандарден за маринците).

 

 

 

15 август 2014 - 12:29