Кога водачот на селото бил изведен пред свежо пристигнатите освојувачи, тој им изјавил дека "нема да преминува во Ислам."
По ова тие ги собираат сите во селското училиште, и ги делат мажите и жените. Едните на прв кат, другите на втор. Откако им го собираат целиот накит и злато што ги имале на нив, почнуваат да ги внесуваат во комбиња, со објаснувањето дека ќе ги носат во градот Синџар, античкиот дом на Јазидите.
На сред пат, комбињата неочекувано застануваат, а милитантите отвораат оган кон луѓето во нив.
"Почнаа да пукаат во нас. Имаа автоматско оружје. Јас бев погоден во ногата и во карлицата," изјавил еден од Јазидите кој успеал да го преживее маскарот криејќи се под мртвите тела, под кои лежел цел час пред да дојдат курдски војници и да го спасат.
Во селото ИСИС киднапирал меѓу 400 и 600 луѓе, од кои мнозинството се жени и деца.
Во комбињата биле убиени околу 80 мажи.