Владимир Путин - Нежниот

Независимаја Газета објави тајни документи на Кремљ составени од најблиските соработници на Путин, во кои под итно се бара од рускиот претседател да престане со - тепање пред телевизија и да се ребрендира во фин дечко.

Според извештајот, од Путин се бара да почне да го убедува народот дека тој е станат помалку уверен во своето владеење и дека почнува да се приближува кон либералната елита. Ребрендираниот Путин ќе биде претставен за време на годишното обраќање на претседателот, закажано за крајот на декември.

Претстојниот римејк и промена во политиката, заедно со актуелната анти-корупциска кампања, се инспирирани од значителниот "пад на довербата кон врвното раководство на земјата и речиси револуционерните чувства кои почнаа да се појавуваат кај Русите."

Текстот под итно бил отфрлен од портпаролот на Кремљ, меѓутоа политичкиот уредник на Независимаја, Александра Самарина, во интервју за Радио Слободна Европа останува на тврдењата објавени од весникот, порачувајќи дека "никој не очекува портпаролот на Кремљ да излезе и да потврди ваква приказна."

Едно претходно разнежнување на Путин:

6 декември 2012 - 18:24