Овој пат теоријата на заговор се движи во рамките дека целата работа е договорена и наместена од владата, а клучен доказ за тоа е видеото од убиството на Мерабе, конкретно моментот кога тој е убиен ама главата не ме се распарчува и нема локва крв откако бил погоден со куршум.
Во анализа на видеото објавена на ЈуТјуб од еден од луѓето кои веруваат во заверата, кадар по кадар се прегледува снимката за да се докаже дека нема ни капка крв, а потоа продолжува снимка од тоа што се случува кога со Калашников ќе пукаш во лубеница. (Се случува распарчување.) Видеото има речиси 2 милиона прегледувања.
За деталот околу немањето крв Дејли Бист разговара со експерт за оружје, кој им објаснува дека желбата за крвопролевање на видеото може да им се исполни на заговорниците само ако полицаецот бил директно погоден во глава, меѓутоа "куршумот и само да те закачи може да биде фатален, без притоа да има драматични докази од крв."
Проблемот со заговорниците околу Шарли Ебдо имаат и луѓето кои направија кариера и живеат од ширење на најразлични теории на заговор (никогаш не сме слетале на Месечината, 11 септември, Колумбина, Сенди Хук, авионски несреќи), како Алекс Џоунс и уредникто на Инфоворс, Пол Вотсон.
Самиот Џоунс објаснува "сум ловел диви свињи во Тексас со АК-47. Некогаш ќе ги погодиш во глава и куршумот минува низ неа и нема крв. Понекогаш ќе ги погодиш во глава и таа експлодира како тиква... Најчесто кога ќе погодиш некого во глава со голем калибар има многу крв, ама некогаш не."
Вотсон изјавил дека е преплавен со мејлови од луѓе кои го негираат масакрот и го прогласиле за "соучесник" затоа што не се согласува дека целиот настан е наместен и одигран од актери ("ова се истите луѓе кои го негираа убиството на полицајците во Њујорк пред неколку недели").