
Кај Тони Блер.
Поранешниот британски премиер кој како пудлица на Вашингтон и Буш има огромна лична одговорност за страдањата на ирачкиот народ во хаосот кој настана по окупацијата на земјата (бараа хемиско оружје, памтите?) во кој настрадаа милиони цивили.
Му требаа 13 години да му текне да се извини и да каже дека згрешил, дека му е жал и дека се кае.
Сана Марин ќе биде стратешки советник во Институтот на Блер кој се бави со лукративни ангажмани за советување влади и политички лидери за теми како добро управување, технологии, климатски предизвици и родова еднаквост.
37 годишната Марин претходно даде оставка на чело на партијата откако на последните избори нејзините Социјалдемократи не само што ја изгубија власта туку од прво паднаа на трето место на политичката сцена, после традиционалните конзервативци но и зад десничарите кои избија на второ место. Додека таа се возеше на бранот на успехот да ја внесе земјата во НАТО, нејзините политички противници ја адресираа загриженоста на Финците за растечкиот национален долг и ги убедија дека социјалните програми треба да се скратат за сметките да бидат чисти.
Позната е и по „скандалот“ кога протекоа фотографии од едно нејзино журкање на кои две разголени девојки се бацуваат. Не затоа што Финците се задрти па се ужаснуваат од разголени девојки кои се бацуваат туку затоа што пиjaната журка се одвивала во официјалната рeзиденција на премиерот на земјата.
Сана Марин планира да даде оставка и од функцијата пратеничка.
„Таа е храбра и практична,“ рече Тони Блер за своето последнo засилување во Институтот.
За практична знаеме.