
Сите три бројки се рекордни од почетокот на пандемијата во САД и покажуваат што се случува кога власта спектакуларно ќе киксне, „и најголемиот дел од справувањето со пандемијата ќе го товари на грбот на поединецот наместо да презема системски решенија“.
„Меѓутоа не е само одговорноста што поединците мора да ја носат; туку на поединците им е оставено да се носат и со страдањето.
Владиниот пристап кон пандемијата во најголем дел беше месечарење и повеќе од четвртина милион Американци умреа. Личната одговорност сама по себе не успеа,“ пишува Брајан Кан во текстот за Гизмодо.
А кога ќе се остави на народ, тогаш народот нема никогаш да се договори дали треба или не, да се носат маски, или сега актуелната тема околу собирањето на поширокото семејство за Денот на благодарноста.
„Во исто време кога сите ние сме задолжени 'паметно да избираме', федералната влада во основа го прави спротивното, одбивајќи каква била одговорност.
Најдобар начин за социјално дистанцирање е да се остане дома. Меѓутоа, освен првичната помош за луѓето што останаа без работа, нема никакви обиди за стимулирање на овие луѓе да го прават тоа.
Наместо тоа лидерите го туркаа целосното отворање на економијата откако местимичните наредби за затворање никогаш не успеа да го поразат вирусот,“ објаснува Кан.
Неговиот најголем страв е дека патувањето заради претстојниот празник за Денот на благодарноста ќе предизвика до сега невидено супер-ширење на болеста низ земјата. Целото исчекување до празникот веќе создаде и реплики како “Подобро Зум Ден на благодарноста отколку погреб на Божиќ.“
Кан ги наведува Австралија и Тајван како пример за држави во кои властите систематски се справиле со ковид-19 и сега имаат поолабавен живот (публика на спортски натпревари или концерти со публика).
„Робусна владина реакција функционира. Оние држави кои се одлучија за комбинација од задолжително носење маски, ставање на економијата под клуч и повеќекратна економска помош за населението, сега уживаат во активности со релативно низок ризик на заразување за кои Американците можат само да сонуваат.
Во Америка наместо слики од публика како без маски ужива во спортски натпревари, ние поверојатно е да гледаме слики од подвижни мртовечници,“ порачува Кан.
Трагичниот исход од досегашното справување со ковид-19, Кан го надоврзува на начинот на кој американската влада се справува со глобалното затоплување, главно не преземајќи ништо и оставајќи на народот да ја пази планетата и „паметно да бира“.
„Неколку луѓето што возат Приуси нема да ја спречат климатската криза. Меѓутоа затворањето на нафтениот бизнис и тоа како ќе заврши работа,“ пишува Кан, порачувајќи дека за ова ќе треба системска помош за вработените во оваа индустрија кои не можат да бидат оставени да зависат од ГоФундМи кампањи.