Обезбедувањето на девојката што не му е девојка на Путин

На руски социјални мрежи излегува фотографија од една група прописно вооружени телохранители во цивилка и маскирно, пред кафуле во центарот на Москва. Според авторот на фотографијата во кафулето нема ниту еден функционер или олигарх.

Целото обезбедување е за Алина Кабаева, поранешна руска олимписка гимнастичарка, а моментално непотврдена девојка (и во времето кога беше женет, швалерка) на Путин.

На сега избришаниот пост на Фејсбук го имало следниот текст: "На кого мислите дека #толкумуестрав што дури и за да го пие своето кафе во Кофемании му треба обезбедување вооружено со автоматско оружје (на фотографијата се само пола од стражарите)? Не сакав да бидам мрзлив па влегов да видам. Сега го знам одговорот. Ако погодиш ќе ти купам кафе. Апдејт: На Инстаграм го најдоа одговорот. Олимписката шампионка и самохрана мајка Алина Кабаева."

Неодамна, по 7 години како член на парламентот, Кабаева беше номинирана за прв човек на Национал медија груп, најголемата медиумска групација во Русија.

Во 2008-ма Московски Кореспондент ја објави шпекулацијата дека Путин и Кабаева тајно се венчале, нешто што Путин енергично го негира. Откако Путин минатата година се разведе од неговата сопруга, неговиот портпарол јавно изјави дека не постои друга жена во животот на Путин.

23 декември 2014 - 17:21