Очекувањата се дека крајната бројка ќе биде застрашувачка, а министерот за здравство на Бахамите изјавил дека „јавноста треба да се подготви за незамисливи информации за бројот на загинати и за обемот на човековото страдање.“
Оние за кои се знае дека преживеале имаат сосема други проблеми, па според О.Н. околу 70.000 лица имаат итна потреба од храна, вода и засолниште. Во исто време и болниците се преполнети.
Според сведоци, и американски сенатори кои беа на тура низ погодените региони, Големите Абако острови се комплетно ненаселиви, а Би-би-си пренесува дека на овие острови „натрупани се лешеви, нема никаква вода, храна и електрична енергија, а жителите се организираат во милиции за да спречат пљачкосувања.“
За сега се очекува пристигнувањето на два холандски воени бродови кои треба да донесат залихи, а повеќе кростосувачки бродови помагаат со транспорт и залихи, како готови оброци.