По две и кусур години бука, препукувања и преговарања, месецов во Британија второ најпребарувано прашање на Гугл околу брегзит е „што е брегзит?“ Број еден има врска со точноста на Британците и се однесува на тоа „кога е брегзит?“
На страна овие две најмногу се пребарува како брегзит ќе влијае на цените на недвижностите во Британија, што значи договорот од Чекерс и што би значело ако брегзит дојде без договор.
Како што идејата за брегзит реванш се повеќе добива залет, така расте и интересот околу детали за ваквиот можен исход. Веднаш зад „Дали ќе има втор референдум?“, второ најпоставувано прашање на оваа тема е како може да се сопре брегзит и колку е веројатно да има втор референдум. По нив доаѓа прашањето од малку понапредна фаза „Кога е вториот референдум“?
Инаку и на ниво на ЕУ, прашањето „Што е брегзит?“ било меѓу топ 5 најчесто гуглани прашања за брегзит во 22 земји членки на Унијата.