Масачусетс беше една од првите држави која воведе смртна казна во колонијалните денови. Но, оттогаш работите се променети. Откако смртната казна беше отфрлена како неуставна во оваа држава, многумина гувернери меѓу кои и Мит Ромни безуспешно се обидуваа да ја вратат. Иако Масачусетс не предвидува смртна казна за акти против државата, Џохар Царнаев ја доби затоа што обвинувањата против него беа подигнати на федерално ниво.
Сепак, на САД им треба долго време за да ги анулира своите несакани граѓани.
Економист пишува дека пред 30 години во просек се чекало 6 години на извршување на смртната казната а во 2011-та просекот изнесува 16 години.
Оди тоа и до 20 години каков што беше случајот во Калифорнија (за кој пишувавме во статијата "Ме уби пребавна смрт") по што тамошниот суд ја укина смртната казна главно заради тоа што системот на извршување на казните е ужасно бавен што осудените на смрт ги става во ситуација да трпат "сурова и невообичаена казна" што е противуставно.
Ваквите пресуди секогаш завршуваат со жалби и апелации кои знаат да траат по неколку години. Токму заради желбата да им престане семејниот кошмар во кој Царнаев ќе биде уште долго држен држен како новинарска тема, семејството на 8 годишниот Мартин Ричард побара од обвинителството да се задоволи со доживотен затвор.
Сè додека неговото име е во центарот на вниманието, ние ќе живееме во негова сенка. Во оној момент кога тој ќе исчезне од насловните страници, дури тогаш ќе можеме да почнеме повторно да го градиме нашето семејство и нашите животи", напишаа родителите (види повеќе во статијата "Против смртна казна за убиецот на својот син")
Магазинот Рајот предвидува дека после сите жалби, Царнаев најверојатно ќе биде убиен во 2019-та година.
Инаку, поротата едногласно донесе ваква одлука. Велат дека нивната решителност ја предизвикало однесувањето на самиот Царанев кој вониту еден момент од судскиот процес не покажа никакво жалење или друга емоција за жртвите на масакрот кој го приредија со неговиот брат.