Како никогаш до сега, по која било друга основа, без разлика дали тоа биле човекови права (Кинези, Ујгури, Тибет...), местење на девизен курс или загадување и работна средина, Кина ги пушти во погон своите најгласни дипломатски кадри во одбрана на тоа како се справила со коронавирусот и се што следуваше по неговата појава.
Па, кинески дипломати од амбасади низ целиот свет рафално возвраќаа на сите обвинувања против земјата, притоа многу малку воздржувајќи се, како што пишува Би-би-си „користејќи сарказам и агресивност во еднакви мерки“.
Овие дипломати станаа толку присутни што добија и прекар „волчји воини“, по истоимениот кинески акционен филм, заради начинот на кој реагираа.
Во неодамнешен едиторијал на весникот Глобал тајмс, се наведува дека кинескиот народ „повеќе не е задоволен од млитавиот дипломатски тон“ и дека Западот се чувствува загрозен од новата кинеска „волчја“ дипломатија.
Меѓу оваа генерација се истакнува Лиџијан Жао, младиот портпарол на кинеското министерство за надоврешни работи, кој беше прв висок функционер што спомна дека можеби САД го донеле вирусот во Вухан. Освен оваа изјава, тој непрестано твита и ретвита сè што ја промовира и брани Кина.
Неговиот пример се користи како скрипта за однесување на кинеските дипломати низ светот, кои немаат проблем координирано да играат против нападите без разлика дали доаѓаат од Трамп или од УНХЦР Индија:
„Во минатото јавното лице на Кина требаше да покаже позитивен имиџ на земјата. Да поттикнвуа пријателство. Видеа од слатки панди беа многу почести отколку остри одговори на најразлични владини политики,“ објаснува Кристине Берзина од Германскиот Маршалов фонд.
Математиките на Фондот покажале дека официјалните кинески државни Твитер сметки минатата година пораснале за 300%.