Таг: дипломатија

Суптилната уметност на „меката“ моќ

Новиот ирански филм. Јужно-корејскиот поп. Магијата на Холивуд. Сите тие можат да бидат примери за алтернативно политичко влијание, брендирајќи ги државите и нациите од коишто доаѓаат на начин кој би можел да обезбеди економска или културна „мека“ глобална моќ.

Советската снајперистка испратена да ги убеди Американците да учествуваат во Втората светска војна

Људмила Павличенко пристигнала во Вашингтон на крајот на 1942, а пред новинарите застанала со својот преведувач, облечена во советска воена униформа. Не зборувала англиски, но нејзината мисија била очигледна. Како високо одликуван офицер во Црвената армија, таа дошла од името на советската Висока команда за да измоли поддршка за нов фронт во Европа.

Другарка мадам: приказната за сопругата на советскиот амбасадор во САД

Ајви Тереза Лоу Литвиноф (или Ајви Валтернова Литвинова) била англиско-руска писателка и преведувачка, сопруга на советскиот дипломат и министер за надворешни работи Максим Литвинов. Но и неофицијална дипломатска „хостеса“, на англофоните во СССР и на русите во САД.

Кинеската армија на строги дипломати

До пред само неколку месеци главно обележје на делувањето на кинеската дипломатија беше дискретност и енигамтичност, која требаше внимателно да се следи за да не се превиди некој суптилен знак. Сега Кинезите почнаа да лупаат по маса.

Што да го помагаме светот кога ќе му ги решиме проблемите?

Трамп планира за драстични 31% да ги скрати трошоците за дипломатијата и агенциите за странска помош. Особено се намерачени на УСАИД кои во последно време навистина трошат рекордни милијарди долари. Рекс Тилерсон објаснува како тоа го замислува оваа монитпајтоновска дружина.

За табиетот на Коѕиас

Шефот на грчката дипломатија ја упропасти меѓународната конфенренција за Кипар успевајќи уште првиот ден да се испокара со сите, вклучувајќи го и првиот човек на ООН. Гутереш не сакал со Коѕијас ни во иста просторија да биде.

Њујоршки комшилуци

Upper East Side е болно скап дел на Менхетн со многу чуден комшилук. Едни до други, рамноправно се потпираат куќи на најбогатите и на најсиромашните луѓе на светот. Вториве, главно абер немаат за тоа.