Кога Кинезите во 1979 го воведуваат правилото за едно дете, нивното очекување е дека локалните власти ќе го спроведуваат. Најголемиот проблем се јавува во селата, каде што истите овие власти се дел од заедницата. Ова само дополнително се комплицира ако се имаат предвид големиот број Кинези што живеат на село.
Кон средината на 80-те, оваа политика е малку олабавена, па на семејствата во руралните делови им е дозволено да имаат и второ дете ако првото е женско (во надеж дека ќе има машко да помага во работата на село и сл.).
И покрај ова, заради слабото спроведување на забраната во руралните делови селаните наоѓаат начин како да го заобиколат правилото, во случај и второто (и третото, и...) дете да им биде женско.
Истражувачи од американски и кинески универзитет прават анализа на кинеската популација во период од 25 години. Тие откриваат дека иако семејствата не ги регистрираат девојчињата веднаш по раѓањето, тие обично им се пријавени на властите на возраст од 10 до 20 години.
Тие го споредиле бројот на децата родени во 1990 со бројот на мажите и жените во 2010, и им излегле 4 милиони луѓе вишок.