Целата постапка пред холандските судови ја започна невладината Ургенда фондација. Таа во 2015 го добива случајот, за потоа по жалба од државата и Врховниот суд да ја потврди пресудата.
Специјалниот известувач на О.Н. за човекови права Дејвид Бојд, изјавува дека ова е „најважната судска одлука околу климатските промени во светот до сега, потврдувајќи дека човековите права се загрозени од климатската вонредна состојба и дека богатите нации се правно обврзани да постигнат рапидно и суштинско намалување на загадувањето.“
За да не бидат без осет, од холандската влада и претходно изјавија дека ќе ја почитуваат суштината на одлуката, а жалбата што ја дале се однесувала на „правната основа на одлуката“.
Холандија го изгласа својот прв климатски закон во 2018, а за 2030 има далеку поамбициозен план против загадувањето. Следната година таа ја затвора својата прва електрана на јаглен.
Според холандскиот врховен суд, државите имаат директни обврски по член 2 и 8 од Европската конвенција за човекови права, кои ги опфаќаат правото на живот и правото на прифатен и семеен живот.
Пред некое време повеќе холандски групи за еколошка правда поднесоа тужба против Шел, тврдејќи дека бизнис моделот на компанијата е закана за меѓународните климатски цели и ги загрозува човековите права. Во формален одговор Шел отфрли каква било вина, и се правдаше дека немаат друг избор освен да инвестираат во нафта и дека е „целосно легитимно“ да го прават тоа.