Иако оваа бројка и сега е на граница од трпење без да се испука по шавови (Холандија и без туристите е една од најгусто населените држави), има пресметка на холанскиот борд за туризам, според која бројот на туристи во земјата во следната деценија ќе се зголеми за над 50%, на цели 29 милиони.
Секаде во светот каде што ќе се случи ваква инвазија на туристи, обично тоа е на штета на квалитетот на животот на локалците. Во Амстердам на пример тоа се манифестира како колатерална штета за архитектурата на градот, музеите, каналите и раатот на граѓаните.
Амстердам пред некое време воведе пакет мерки против претераниот туризам, кои вклучуваат забрана за градење нови хотели во најголемиот дел од градот, 140 евра казна за уринирање во јавност, и пијано однесување; ограничување на бројот на Ербиенби преноќувања од 30 ноќи годишно по стан / сместување; и забрана за про-туристички бизниси во историскиот центар на градот (изнајмување велосипеди, штандови за крофни).
Освен ова од јануари 2020 се забрануваат сите туристички тури во Црвената зона, а со новите закони се затвораат најголемиот број од „кофи шоповите“ во градот. Една од мерките која се споменува е и наплаќање на туристите за стапнување во Амстердам.
Ваквата ситуација им предизвика и идеолошка збунка, која ја забележува Ко Коенс од Бред универзитетот, според кого голем број од неговите стандардно отворени и левичарски сограѓани „кои осудуваат ксенофобија, можеш да ги слушнеш како зборуваат за ’Кинезиштата’ и ’тоа Англичаните’, и таквиот став се смета за океј ако тие се туристи.“
А не дека туристите нема кај да одат на други места низ светот.