
Руската инвазија на Украина длабоко го промени размислувањето во Германија. Под притисок од улогата на Германија како агресор во Втората светска војна, повоените генерации беа воспитувани да отфрлаат сè што е милитантно.
Почнавме две светски војни. И покрај тоа што поминаа 80 години од Втората светска војна, идејата дека Германците треба да останат надвор од конфликтот сè уште е вткаена во гените на многу луѓе, објаснува Маркус Цинер од германскиот Маршалов фонд во Берлин.
Германија имаше специфичен пристап за Русија. Додека Полска и балтичките земји внимаваа да не се приближат премногу до Москва - и ги зголемија сопствените трошоци за одбраната - Берлин во времето на поранешната канцеларка Ангела Меркел веруваше во водењето бизнис.
Берлин замислуваше дека испорачува демократизација. Но, Русија ги собра парите и сепак ја нападна Украина.
Во февруари 2022 година, вџашениот канцелар Олаф Шолц прогласи пресврт во приоритетите и издвои 100 милијарди евра за да ја зајакне војската. Генералот Карстен Брејер вели дека тоа не било доволно. Тој укажува на опасната мешавина од агресивната реторика на Владимир Путин, големите руски вложувања во оружје, опрема и залихи и во хибридната војна на Москва: од кибернетски напади до саботажи, и неидентификувани дронови над германските воени локации.
За разлика од западниот свет, Русија не размислува во рамки. Не се работи за мирно време и војна, тоа е континуитет: да почнеме со хибридна војна, да ескалираме, па назад. Германија мора да дејствува брзо. Бундесверот има премалку од сè, вели генералот.
Комесарката за оружените сили Ева Хегл во извештај до парламентот потврди огромен недостиг од муниција и војници. Таа ги процени на 67 милијарди евра само трошоците за реновирање на касарните.
Фридрих Мерц, наследникот на канцеларот Шолц, направи историски потег кога пред распуштањето на парламентот ги укина границите за задолжување. Тоа ѝ дозволува на војската преку заеми (теоретски, без ограничување) да добие стабилен извор на финансии за да почне да ги решава проблемите.
Пресвртот веќе се гледа и во изчезнување на пацифичката претпазливост на Германците.
Навистина долго време мислевме дека единствениот начин да ги надоместиме злосторствата што ги направивме во Втората светска војна беше да се погрижиме тоа никогаш да не се повтори и мислевме дека треба да се демилитаризираме“. „Но, сега сме во ситуација кога треба да се бориме за нашите вредности и демократија и слобода. Треба да се прилагодиме, вели за ББЦ Шарлот Крефт од Берлин.
Се губи и довербата дека сојузниците ќе ја бранат демилитаризираната Германија. Неодамнешна анкета на YouGov покажа дека 79% од Германците сè уште го гледаат Владимир Путин како „многу“ или „прилично“ опасен за европскиот мир и безбедност, а 74% тоа го мислат и за американскиот претседател Доналд Трамп.
Тоа само по себе нема да ги пополни празните касарни. Германија не ја исполни целта да ги засили воените редови со уште 20.000 регрути на вкупно 203.000 војници. Просечната возраст на војниците е 34 години.
Генералот Брејер вели дека и тоа е премалку. На Германија ѝ требаат дополнителни 100.000 војници за да се одбрани себе си и источното крило на НАТО - вкупно 460.000, вклучувајќи ги и резервите.