Од овде гледано, се чини дека Германија успеала да го сопре бранот емигранти кои порано ја заплиснуваа па нема веќе панични и ксенофобични стории на таа тема. А ситуацијата е обратна: бранот постојано расте. Само што силната економија тоа успева да го вгнезди во себе и да го искористи како предност.
Во 2011, 280.000 луѓе влегле во земјата. Следната година биле 437.000 а во 2014-та бројот на имигранти биле уште поголем.
Па сепак, денес Германците се далеку помеки во однос на дојденците отколку пред 10 години кога имаа силна невработеност, или пред 20 години, кога нагрнуваа бегалците од екс Југославија.
Пред 10 години, во време на висока невработеност, 61 процент од Германците мислеле дека имигрантите не ѝ се потребни на земјата. Лани овој процент изнесувал 41. Денеска само 28 проценти од Германците го делат тоа, некогаш доминантно, мислење.
Релаксираниот однос кон дојденците е дел од општиот оптимизам кој го влева робустната германска економија. Во 2005-та, само 19 проценти од населението сметале дека дека им е подобро отколку пред 5 години. Денеска тоа го мислат 35 проценти Германци. Истовремено, бројот на оние на кои им се влошила личната финансиска ситуација е паднат од 37 на 18%.