Блумберг се спрема да стане Трамп

Поранешниот републикански градоначалник на Њујорк и долгогодишен финансиер на таа партија се подготвува за претседателската трка во 2020 година. Како Демократ.

„Ќе направам пекол ако на расистичкиот, анти-муслимански, анти-синдикален десничар и подржувач на Републиканската партија му биде дозволено да се трка како Демократ,“ напиша на Твитер Мелиса Брн која беше шеф на кампањата на Берни Сандерс во 2016 година.

А милијардерот својата желба за влегување во Белата куќа им ја најавил на блиски луѓе и тоа го потврдуваат разни извори.

Претходно Блумберг и неговите пари им беа привлечни на двете партии. Пред две години неговото име беше на кратката листа кандидати за заменик претседател на Хилари Клинтон а во 2008 година се спомнуваше како можна втора рака на Џон Меккеин.

Рано е за проценка на политичките шанси на Блумберг за главната политичка награда во САД но јасно е дека има пари да истера кампања каква што сака. Неговото богатство се проценува на 53 милијарди долари.

19 септември 2018 - 12:09