Иако администрацијата уште стои на тоа дека санкциите се правилен потег за казнување на Русија и нема намера за нивно стишување, тие се изненадени од колатералната штета што американската економија ја трпи од нив.
„Кога почна инвазијата, администрацијата на Бајден веруваше дека ако се исклучат санкциите за храна и енергија, влијанието врз инфлацијата дома ќе биде минимално. Од тогаш, храната и енергијата станаа клучниот погон за највисоката стапка на инфлација во изминативе 40 години, огромен политички проблем за Бајден и Демократите кои ги чекаат меѓуизбори во ноември.
Министерката за финансии, Јелен, изјави дека ’погрешила’ што минатата година верувала дека инфлацискиот притисок ќе пројде. Еден од резултатите што таа ги гледа се поврзува со пикот на цени заради неочекуваното себе-санкционирање.
Па додека Зеленски од Конгресот ги поттикнува американските компании да престанат да работат со Русија, бидејќи тамошниот пазар е ’натопен со наша крв’, администрацијата на Бајден поттикнува одредена трговија, посебно во земјоделието, медицината и телекомуникациите,“ пишува Блумберг.
Како пример за ова е охрабрувањето што пристигнува од американската влада до земјоделските и транспортни компании да купуваат и носат повеќе руски ѓубрива, бидејќи стравот од санкции може да создаде неочекуван недостаток на истите на американскиот пазар.
До сега околу 1.000 американски компании објавија дека прекинуваат со работење во Русија, што според Блумберг е една од причините зошто американските политичари толку многу сакаат санкции.
„Тие во основа ја аутосорсираат американската политика на приватниот сектор, што ги прави помалку хируршки прецини, помалку калибрирани и помалку респонсивни на промени во политиката,“ објаснува Блумберг.
Во пракса ова ќе значи дека дури и кревањето санкции да е еден од условите за примирје во Русија, одлуката за враќање на рускиот пазар ќе биде оставена на менаџментите на американските компании и нивните ПиАр процени, додека забраната дојде од државата.
Првично воодушевени од подготвеноста на корпорациите, од Бритиш петрол до Мекдоналдс, инстантно да се повлечат од Русија, сега истите советници на Бајден признаваат дека администрацијата била фатена неподготвена „за потенцијалните нус-појави што се појавија од одлуките на компаниите да излезат од пазарот“.
Дел од компаниите своето напуштање на рускиот пазар го објаснуваат како „чиста претпазливост“ и дека чекаат дополнителни насоки од САД пред да продолжат да работат со Русија.
„Додека да се случи тоа, тие одат над сите законски правила за да се осигураат дека случајно не ги прекршуваат санкциите против Русија,“ објаснува првиот човек за глобални санкции на Асоцијацијата за сертификувани специјалисти за борба со перење пари, Џастин Вокер.
Вокер појаснува дека се работи за толку масовен обем на промени кои се случуваат со санкциите, што самите влади низ светот не можат да им го пофатат крајот и да дадат прецизно разјаснување што се случува и како треба да се работи.
„Компаниите прашуваат ’Дали треба да наметнуваат санкции на ова правно лице?’ и владата ќе разгледа и ќе одговори ’треба сами да си донесете одлука за тоа’,“ пренесува Вокер.
Ова го потврдува и одлука на американското министерство за економија, одговорно за санкциите, кое до 30 септември ја продолжи дозволата за компаниите да можат и понатаму да плаќаат даноци, надоместоци и акцизи поврзани со работење во Русија.