Во описите на нејзиното делување, меѓу другото, федералните власти ја имаа наведено и сексуалната неодоливост на Бутина и нејзината исклучителност во искористување на истата.
Неколку месеци подоцна ФБИ признава дека малку претерале, и во документи објавени минатата недела тие „тивко ги повлекуваат највулгарните детали од случајот против 29-годишната љубителка на оружје од Сибир“, објаснувајќи дека тој дел едноставно бил „неточен“.
Ова веднаш е дочекано на волеј од адвокатот на Бутина, кој порачува дека иако е добредојдено тоа што владата ги повлекла овие обвинувања „тие веќе имаат направено штета на репутацијата на Марија“.
Во основа агентите на ФБИ погрешно ги протолкувале пораките на телефонот на Бутина.
Обвинителството беше прекорено и од судијката во случајот, која порачала дека и таа јасно можела да прочита од доказите дека Бутина во некои пораки се шегува дека нуди секс.