Разно

Во неуспешната кампања на Хилари

Кривицата за неуспехот на Хилари да порази сенилен ТВ водител, според Демократската партија, паѓа комплетно на Русија, сиромашните белци, Берни Сандерс, и.тн. Кривицата никако не паѓа на тоа што нејзината кампања страда од исти пропусти како и во 2008: дезорганизиран кадар кој се мачи да дефинира јасна и убедлива порака за нивниот невозбудлив кандидат од естаблишментот.

Глобалните елити се пред крах, и немаат поим за тоа

Демократите и понатаму си повторуваат дека Хилари Клинтон е вистинскиот победник, Републиканците се тешат дека ја имаат контролата врз власта, а на центарот низ Западот му олесни откако пресметаа дека Макрон најверојатно ќе победи во вториот круг на претседателските избори во Франција. А не се свесни колку грешат, пишува Дејмон Линкер во Вик.

22 години робија за руски полициски генерал

Московскиот суд го осуди генерал Денис Сугробов наа 22 годишен затвор, заради обвиненијата за корупција. Делата се направени додека Сугоробв беше шеф на анти-корупциска.

Легенда за Легијата

Новите регрути не се пријавуваат во Легијата на странци заради парите, бидејќи плата им е околу 1200 евра месечно, не е за да се спасат од затвор, затоа што Легијата веќе не прима регрути барани од полицијата, а и не е за слава, затоа што веројатно никој нема да дознае за нивната жртва, ама ќе им биде запамтена.

Трамп има копче за Кока-кола

Нешто налик секој добар филм околу Студената војна, Трамп на своето биро во Белата куќа има инсталирано црвено копче. Нешто налик Симпсонови стискањето на копчето активира - носење Кока-кола.

Нападот е најдобра одбрана

Инженер по електроника од Орегон на надлежните органи им пишал дека открил грешка во системот кој ги регулира семафорите во државата. Овие го репнале со 500 долари казна. Тој нив ќе им се правел инженер.

Како демократите ги фати носталгија за Џорџ Буш

Во јануари 2009, Буш си заминува со рекордно низок рејтинг од 22%. Една републиканска претседателска победа подоцна демократите не можат да го прежалат Буш помладиот кој за нив одеднаш стана фигура на разумот и соработката.

Кенија ги прекина изборите заради преголем одзив

Изборните тела во Кенија не очекувале толкав одзив па испечатиле помалку гласачки материјал од што е потребно. А како да не биде одзивот голем кога локалните шерифи давале дури по два долара од човек за да гласа за него.

Зошто не треба да вежбаш за да ослабеш

Со години, мантрата на фитнес гуруа, нутриционисти, славни личности, вистински и не така вистински доктори, е: се додека правиш кардио, можеш да правиш криминал во јадење, и пак да слабееш.

Нападот во Париз може да е пресвртницата за Ле Пен

Синоќешното убиство на полицаец во Париз би можело да ги сврти француските избори во корист на Ле Пен. Баш ова е посакуваниот исход за ИСИС, кои од изборот на Ле Пен се надеваат дека ќе можат да извлечат граѓанска војна во земјата.

Трамп сфати дека е тешко да си претседател

На списокот работи за кои Трамп откри дека се "покомплицирани отколку што некој можеше да замисли" (покомплицирани од твитање за нив) до сега (меѓу другите) ги има: Северна Кореја, Кина, Сирија, здравствената заштита и спасување на индустријата за производство на јаглен.

Од Ататурк ќе остане само името на аеродромот во Истанбул, ама веќе и тоа не е сигурно

Најлошиот заклучок е дека тесната победа на Ердоган на референдумот е почеток на неговиот крај, бидејќи со идентични резултати како во неделата тој на парламентарни избори би освоил две-третинско мнозинство, пишува Жељко Пантелиќ.

Гласниците на крахот на западната цивилизација

Политичкиот економист Бенџамин Фридман го споредува Западот со стабилен велосипед чии тркала ги врти економскиот раст. Доколку ова движење се забави или престане, столбовите што го дефинираат западното општество - демократија, лични слободи, толеранција... - ќе почнат да се клатат, а потоа работите тргаат само надолу.

Исламистичката секс секта која го поддржува Ердоган

Натенане да се прошетаме низ дречавиот и надреален свет на еден турски секс култ кој е тешка постмодерна: кога не сонуваат за обновување на Отоманската империја, трепкаат со вештачки трепки, праќаат книги по светот, и си играат со кокаин и секс. А во Ердоган го гледаат клучниот лик кој треба Турција  да ја направи модерна и религиозна.

Пировата победа на Ердоган

Турските гласачи во неделата ги прифатија 18-те уставни амандмани што претходно беа прифатени од парламентот. Повеќе од еден век парламентаризам ќе биде заменет со турски тип на претседателски систем кој е скроен за актуелниот претседател, пишува професорот по Меѓународни односи на Кадир Хас Универзитетот во Истанбул, Соли Узел.

Амстердамскиот Голи оток

По некое време зјаење празни, Холандија најде како да го пополни вишокот затворски капацитети, па наместо криминалци келиите ги полни со бегалци. Додека се таму, како привремено сместување, а не како казна, бегалците добиваат и неделна помош од 57 евра.

Фантастични трошоци и каде да ги најдеш

Откако останува без работа, а со многу пари, поранешниот прв човек на Микрософт, Стив Балмер, во својата досада почнува да размислува за работи како - на што ги троши владата парите од данок? И во ова размислување вклучува и други луѓе, за чија помош одвои над 10 милиони долари.

Форензичарите „за влакно“ ќе поминеа лесно

Форензичките наоди од крим лабораториите се сметаат за несоборливи докази во судските случаи. Ако се прашувате дали тука има простор за грешка, одговорот е има, и тоа многу.

Професорот што ја предвиде победата, сега предвидува импичмент на Трамп

Алан Лихтман го спомнавме лани есента, кога и покрај тоа што ги имаше точно погодено последните 9 претседателски избори во САД, беше масовно исмеван од своите колеги кога збореше дека Трамп ќе стане претседател. Сега, по негови зборови, Трамп "е поранлив на импичмент отколку кој било друг претседател на САД на почетокот од својот мандат".

НБА кошаркарот што одби да шутира тројки

Дилемата за Морис Харклес од Портланд Треилблејзерс беше или сите ќе те зборат дека си цвикатор или ќе имаш плус пола милион долари.

Дизелот стана новиот азбест

Кога се појавува, дизелот е "ветеното гориво" масовно промовирано од влади и автомобилската индустрија како поевтино и еколошки подобро за планетата. Знаете како излезе целата работа.

И донаторите сити, и гладните на број

Добро: Минатата година биле дадени рекордно многу пари за хуманитарна помош. Па не се договоривме така: Исто така минатата година рекордна сума од парите останале во најбогатите земји донатори.

Дневна доза проамериканизам

Гласачите во Орегон ќе добијат шанса да се произнесат дали треба од уставот да се избрише забраната за двобои меѓу политичари и државни службеници, воведена откако пред многу години се запукаа еден американски потпретседател и еден министер. Не звучи лошо за кај нас, а пошто сме со сите нишани сме либерални, кој сака, може и во Тирана да закаже. 

Мајкл Кејн гласал за Брегзит

Оскаровецот разочара дел од своите фанови обелоденувајќи дека гласал за излегување на Велика Британија од ЕУ. „Попрво би бил сиромашен газда отколку богат слуга“, порачува „немиениот“ Кејн.