"Веруваме дека оваа тема е над нивото на разбирање на учениците," изјавува Алпаслан Дурмуш во видео објавено на сајтот на турското министерство за образование.
Дурмуш објаснува дека главата за еволуција е тргната од учебникот по биологија за 9-то одделение, и наместо тоа се префрла во високото образование.
Пред одлуката на Бордот, на почетокот од годината заменикот премиер, Нуман Куртулмуш, ја опиша еволуцијата како теорија која е архаична и за која недостасуваат задоволителни докази.
Освен еволуција, новата училишна програма предвидува и скратување на часовите за изучување на Ататурк, а зголемување на часовите за изучување религија. Дурмуш најави и дека во образованието ќе се посвети повеќе внимание на придонесот на муслиманските и турските научници и историја со цел оддалечување од "евроцентричниот" пристап.
Еволуцијата е една од темите околу која муслиманските свештеници имаат речиси идентични ставови со христијанските свештеници, бидејќи идентично им ја побркува математиката за настанувањето на земјата, која ја создал и кога и е датум на производство.