Селиа де Лаварен е француска новинарка инаку учесничка на седум мисии на Обединетите нации. Таа во својата книга пишува дека не само што институциите на ОН се неефикасни туку и некои од нивните операции се и директно на штета на оние на кои треба да им се помогне.
Како пример таа ги наведува изборите во Камбоџа 1992 / 1993 организирани од ОН каде Лаврен сведочи на недоследно регрутирање кадри, привилегиран пристап кон правдата и "стерилни расправи". Таа тогаш пишува:
"Платена сум - и тоа добро платена - да не работам ништо и да молчам за тоа".
Од БиХ пренесува ситуација во која претставници на ОН одговорни за цивилната полиција сексуално злоупотребуваат малолетничка. Меѓутоа заради имунитетот на вработените на светската организација, тоа минува неказнето.
Во слична книга од Џаред Генсер и Бруно Угарте, се анализира Советот за безбедност на ОН и како тој можел (или не) да ги речи конфликтите во Босна, Судан, Уганда, Руанда, ДР Конго и други. Авторите пишуваат дека канадскиот генерал кој командува со мисијата на ОН во Руанда за време на геноцидот во 1994, безуспешно се обидувал да ја предупреди меѓународната заедница за масакрите кои биле извршени. Иако мировните сили се на теренот во Руанда тие не добиваат наредба за заштита на цивилното население.
Слична приказна една година подоцна на ОН им се повторува и во БиХ. Каде сите напори на организацијата се сведуваат на санкции и осуди.
Прашањето на авторката на текстот на Ле Монд е: Мисиите на сините шлемови можат да бидат ефикасни доколку имаат силен мандат (како во случајот со Источен Тимур), односно доколку нивниот мандат се базира на 7-то поглавје од Повелбата на ОН, кое овозможува користење сила за наметнување мир. Тогаш зошто во најголемиот дел од мисиите тие не го усвојуваат тој мандат?