Дури и да не се здробиш во петок и да ја преспиеш саботата, пак ќе згрешиш ако викендот треба да ручек со пријатели што го закажа минатата недела, барем една сезона на Нетфликс, минимум неколку нецели фудбалски натпревари, плус одмор, плус интернет, плус шопинг обиколка и блиц смотра на блиските.
Роберт Стебинс е социолог од Универзитетот во Калгари кој слободното време го дели на две категории: левтерно и сериозно.
Првото опфаќа "краткорочни занимации со инстантно задоволство и најчесто се пасивни", како пиење, онлајн шопинг или гледање серии. И ова се смета за хедонистичко задоволство, затоа што ваквото трошење време "предизвикува мозокот да ослободува допамин и инстантно те смирува и те утешува."
Вторите, сериозните, се оние од кои се вади некаква корист и даваат подлабока исполнетост и себеостварување. Според психологот Абрахам Маслов, врвот на човековиот развој е себеостварувањето кое тој го опишува како "желбата сè повеќе и повеќе да стануваш она што си, да станеш сè што си способен да станеш".
"Со други зборови, себеостварувањето е целата поента на животот, а пасивното, хедонистичко трошење на времето (без разлика колку е забавно и повремено) нема да те одведе до тоа," појаснува Катрина Онстад во Кварц.
Нејзиното решеине е нешто што се нарекува "блажена среќа", која се дефинира како чувство за добробит кое потекнува од содржински и предизвикувачки активности кои доведуваат до твој напредок како човек. Или во реални примери: посветување на некое корисно хоби (гледање серии не е хоби), работа на некој страничен проект, надградба на некоја вештина и слично.
Истражувајќи за нејзината книга The Weekend Effect, Онстад стига до следниот рецепт од четири ставки на "стварно добар викенд" кој ќе ви помогне да не го мразите понеделникот толку многу:
- Социјализирање.
- Хоби.
- Алтруизам (волонтирање во некоја форма).
- Забава.