Легендарниот британски природословец, режисер и филмски продуцент на 8 мај ќе прослави 100 години, што неговата матична куќа BBC ќе го прослави со пренос во живо на посебна програма во негова чест, организирана во Ројал Алберт Хол.
Со двајца браќа, роден е и растен во угледно семејство на универзитетски ректор во Лестер. За време на Втората светска војна семејството се проширува бидејќи посвојуваат две еврејски девојчиња.
На првата аудија за БиБиСи радио не го минува ни елиминацискиот круг, но на телевизија го примаат веднаш. Станува и директор но после 4 години се откажува од менаџерските функции за да се префрли во природа.
Често криумчарел животни и ги носел дома, во елитното лондонско предградие Ричмонд. Хотелските соби во кои престојувал често личеле на мали Зоолошки градини во кои во када пливале риби а од таванот виселе лилјаци.
Најмногу уживал посматрајќи птици но призна дека никогаш нема засакано стаорци. Нема положено за возачка и никогаш немал автомобил.
На анкета од пред две години, 22% од британските припадници на Генерацијата З рекле дека ќе беше убаво тој да им биде крал.
Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.