Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Како Основниот кривичен и Апелационен суд во Скопје ги изиграа осудените за „27 април“

3 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Jане Ченто поднесе кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Русковска, тврдејќи дека таа сторила кривично дело во текот на постапката за случајот „27 април“ за да изнуди лажно сведочење на сведок во процесот поради што 15 лица беа осудени за тероризам и добија вкупна казна од над 200 години затвор.
  • Поводот за ваквиот потег е последната одлука на Апелација со која се одбива барањето на осудените и оштетените од процесот „27 април“за повторување на постапката. Осудените велат дека имаат право да добијат нова, пофер постапка поради тоа што по првичната пресуда за тероризам се појавиле нови околности кои, според нив, можат сосема да ја изменат сликата за процесот.
  • МИА дојде до последното решение на скопска Апелација. Од него се гледа дека осудените во барањето до Кривичен, а потоа и во жалбата до Апелација, се жалат дека имало пропусти во првичната постапка, но и дека имаат индиции дека Русковска сторила кривично дело во постапката и дека тоа резултирало со лажно сведочење на еден од сведоците, што влијаело врз исходот на постапката.
  • Но, Апелација вели дека ваквите индиции не биле поткрепени со пресуда против Русковска или лажниот сведок, па затоа им го одбива барањето. Но, прашањето е дали пресудата била неопходна или дали апелацискиот совет, составен од судиите Јусуф Ајрулахи — претседател на советот, Лидија Зимбовска и Бетим Јахја — членови на советот, сепак имале законска можност да одлучат да го повторат процесот за кој најголем дел од јавноста смета дека бил претеран, особено во квалификацијата на делото и висината на казните?
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Климата добива моќен сојузник а тоа не е капитализмот

Во одбрана на граматичките грешки

Кога Балканот им помагаше на работниците во Шведска

Ако е песната добра, и ла-ла-ла врши работа

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy