Затвореници ќе го берат англиското овошје после брегзит

Се очекува британските овоштарници и плантажи да останат без потребните сезонски работници кога заради брегзит ќе заминат аргатите од ЕУ. Решение за проблемот се гледа во затворениците. Дека не мора затворот да се лежи.

Владата планира да ги олабави правилата за да дозволи повеќе затвореници да се фатат за работа додека ја издржуваат казната и да ја пополнат дупката во работна рака која се очекува да се создаде после Брегзит и заминувањето на сегашните наемни работници од посиромашните земји од ЕУ од британските плантажи и овоштарници.

По сегашните правила, затвореник може денски да излегува и да оди на работа во некоја цивилна средина една година по издржување на казната.

Идејата е во иднина да не постои таков грејс период. Фармерите да се обраќаат до најблискиот затвор и да им кажат колку и какви луѓе им требаат а овие да им одберат соодветни кадри и да им ги праќаат на работа. Затвореникот за тоа би добивал регуларна надница за тој вид работа. 

На британските земјоделци им е битно промените да бидат донесени до септември кога е време за берба на нивното популарно Бремли јаболко.

5 јуни 2019 - 13:47