Кај ли да ги стават оние грозни налепници?

Воздухот убива повеќе луѓе од пушењето

Се знаеше дека загадениот воздух убива но сега е утврдено дека убива двојно повеќе отколку што претходно се проценуваше. Главниот убиец има пречник од 2,5 микрометри.

Група германски и кипарски научници тврдат дека лошиот воздух годишно одзема 8,8 милиони животи на планетава, што е речиси двојно повеќе од 4,4 милиони со колку што се оперираше досега. Според СЗО, од пушење годишно умираат 7,2 милиони луѓе.

Велат дека со остварување на целите од од парискиот климатски договор, смртноста од загаден воздух во Европа би можела да се намали до 55%. А Европа смртно се гуши над светскиот просек. Генерално на 100.000 луѓе, од воздух умираат 120, а во Европа над 200 лица.

ПМ 2,5. Тие се главната беља, за што пишувавме во статијата „Њу Делхи се угуши, вие за Скопје се секирате“. Велат дека просечно дозволените количини во ЕУ одредени на 25 микрограми на квадратен метар се превисоко поставени. Тоа е два и пол пати повеќе од препорачаната „доза“ од Светската здравствена организација.

„Податоците јасно покажуваат дека од загаден воздух годишно умираат повеќе луѓе отколку од пушењето. Пушењето може свесно да се избегне ама воздухот не,“ вели германскиот кардиолог Томас Мунзел од универзитетскиот медицински центар во Мајнц.

*****
Види и:

Ние и Улан Батор, збратимени во градите

Балканските термо-електрани ја трујат цела Европа

13 март 2019 - 10:49