Ова се случува во август 1992-ра, во следните 20 години Карназес учествува на колку може повеќе маратони и ултра маратони. Го трча првиот и единствен маратон до јужниот пол (заврши втор), а во 2006-та, истрча 50 маратони за 50 последователни денови во секоја од 50-те сојузни држави.
Карназес почнува со трчање враќајќи се дома од градинка. Од тогаш, па се до 15 години е еден од најперспективните млади тркачи на маратон, победувајќи во десетици трки за јуниори. Кога запишува средно училиште, него го сметаат за "некомпатибилен со училишниот тим во атлетика." На 15 години се откажува од целата работа.
Има и неколку неуспешни обиди, како трчањето од Њујорк од Сан Франциско (4.675 километри). Се откажува во Сент Луис, после некои си 1.500 километри.
На страна решеноста да трча, Карназес сето ова го постигнува благодарејќи на совршениот организам. Па така додека кај останатите ултра маратонци бројот на CPK - кој ја покажува количината на оштетување на мускулите - после некој маратон изнесува 2.400, кај Карнзес таа е 447.
Анализата на телото на Карназес, покажала дека неговите мускули не само што помалку се оштетуваат при вежбање, споредено со обичен човек, туку тие се навикнале на константното тренирање и веќе престанеле да се оштетуваат.
Тој дури има и повеќе крв во крвниот систем отколку просечниот човек, што му дозволува подолго време да нема никаква потреба од хидратација.
Децениите потрошени на трчање го имаат комплетно подобрено телото на Карназес, тој има зголемена густина на коските а мускулите и крвниот систем му се до тој степен оптимизирани, што би можел без престан да трча (со брзина од 1,6 км за 7 до 10 минути). Тука единствениот проблем би му било снабдувањето со вода и храна, а не болки во мускулите или зглобовите.
Денес има 50 години. И, уште трча.