Вештачката интелигенција почна да се шитка

Додека ние си играме со основниот модел, му го користиме паметот или пробуваме да го зезнеме, големите компании ќе бидат во посед на многи помоќни модели. Ништо страшно, освен што тие модели ќе можат да управуваат со комерцијални сервиси, а сервисите, на пример, сочинуваат и 75% од економиите. Ние ќе си плетеме џемпери по дома.   

Пред неколку недели беше промовирана Foundry на OpenAI, платформа за сервирање на последните модели кои наскоро ќе доаѓаат во многу робустни форми, со „fine-tuning" опции.

Значи модели, во множина. Се работи за класа на модели, дефинирани со тоа колку се претходно тренирани и други параметри, надвор од основниот модел. Прометеј на Микрософт ќе биде првиот кој ќе биде јавно достапен и тој веќе прави чуда. 

На пример:

Foundry значи леарница. Во индустрискиот свет, леарница е местото во кое бизнисите создаваа алатки за производство на физички производи. Леарницата на OpenAI ќе биде место во кое бизнисите ќе градат вештачка интелигенција за изведување когнитивни задачи, познати и како „сервиси“ кои сочинуваат три четвртини од американската економија!

Цените ќе се движат од 250.000 долари годишно за "3.5-Turbo" (ниво на ChatGPT) до 1,5 милиони долари годишно за модели кои во корпоративно опкружување ќе обавуваат суштински задачи со финансиски импликации. Ова не треба да чуди со оглед на тоа што дури и стандардниот GPT може да положи адвокатски испит.

Комбинацијата на fine-tuning опциите со рапидната еволуција на алатките од LLM (Large Language Model) еко-системот значи дека корисниците ќе добијат човечки - или суперчовечки - перформанси за многу економски вредни задачи веќе во 2023 година.

Накратко, доаѓа време на „продуктивна вештачка интелигенција“ која нема да се задржи само на бреинсторминг или копирајт. Веќе оваа година, ќе има модели кои ќе бидат тренирани за:

- создавање и локализирање содржини;
- менаџирање на интеракциите со корисниците - природни Q&A, закажување состаноци, сметководство, техничка поддршка 24/7....;
- HR задачи: набавка на резимеа, сумаризирање профили, сугерирање прашања за интервју, во случај на голем број кандидати, дури и водење на прелиминарните интервјуа за вработување'
- кодирање;
- разни истражувања;
- анализирање податоци и правење извештаи;
- праќање меилови, процесирање трансакции...

Вештачката интелигенција нема напрасно да укинува работни места. Но ќе почне да ги празни од содржина бидејќи ќе обавува многу од задачите кои биле поврзани со тие работни места.

Луѓето и натаму ќе бидат ќе бидат потребни, но за градење, функционирање, одржување и апгрејдирање на машините кои ги обавуваат сервисите кои тие до вчера ги обавувале.

Додека и за ова не се осамостојат.

Затоа, оваа заeбaнција не изгледа толку лудо:

 

 

 

7 март 2023 - 11:07